дома РАЗНО На денешен ден На денешен ден -1 Ноември

На денешен ден -1 Ноември

0

* 1 ноември 1973.- Од станицата Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија

* 1 ноември 1871.- Во селото Лабуништа, Струшко, е роден Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот „Трајан“. Умре во селото Лабуништа, на 6 мај 1952 година.

* 1 ноември 1928.- Во Турција арапското писмо е заменето со латиницата. Тоа е дело на прозападните реформи на основачот на модерна Турција Кемал Ататурк.

* 1 ноември 1995.- Во Скопје умре Васил Иљоски, македонски драмски писател, есеист, критичар и книжевен историчар. Најпознати негови дела се пиесата „Бегалка“ и комедиите „Чорбаџи Теодос“ и „Свадба“ и многу други.

* 1 ноември 1998.- Република Македонија стана 24-та членка на Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – ЕУРОКОНТРОЛ со седиште во Брисел.

* 1 ноември 2002.- Македонското Собрание со 72 гласа “за” и 28 “против” ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.

* 1 ноември 2013.- Во  69-та година од животот почина актерот доајен Владимир Светиев. Светиев, роден во 1945 во прилепското село Светомоитрани, е еден од најекспонираните македонски актери и  долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар. Тој е меѓу 15-ина студенти на Илија Џувалековски, дипломирал во 1971 на  Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што легендарниот професор организирал наставен модел кој им овозможил предметите Актерска игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Во  1971 година  Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“. Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е  впишан како еден е од најнаградуваните актери: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп  (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012) и на наградите „11 Октомври“  и „13 Ноември“.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version