дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 Октомври

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 Октомври

0

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -1 Октомври

*1 октомври 1962г.основното училиште Браќа Миладиновци во Миладиновци со одлука на општина Петровец беше прогласено за Централно Осумгодишно Училиште  ,со две подрачни училиште во Мршевци и Текија

*1  октомври 331 година п.н.е. Александар III Македонски ја извојува најголемата битка против Персија, кај месноста Гавгамела, во близина на денешниот ирачки град Мосул, ja поразува многубројната персиска војска, со што го освојува Персиското Царство. Персискиот владетел Дариј III иако имал многубројна војска не успеал да се справи со тактиката на Александар Македонски. Персијците под водство на Дариј III имале 230.000 пешадија, 20.000 тешка коњаница со околу 30.000 грци, додека во војската на Александар III Македонски која броела околу 40.000 пешадија и 7.250 коњаници, имало околу 5.000 грчки платеници.

* 1 октомври 1891.- Во селото Смоквица е роден Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела “Македонските Словени”, “Илинденската епопеја” и “Политичките убиства во Бугарија”, смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17 февруари 1952 година.

* 1 октомври 1917г.поради бојкотот на реквизицијата ,бугарската војска извршила претрес по куќите  на селата во скопска оклија ,со цел да го отскрие сокриеното жито

* 1 октомври 1923.- Во Софија, умре Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Бше близок соработник на Гоце Делчев и на други македонски револуционери. Роден е во селото Ново Село, Штипско, во 1870 година

* 1 октомври 1943.- На планината Буковиќ, Кичевско, околу 4.000 балисти, заедно со германските офицери и војници, извршија напад врз слободната територија во западна Македонија. Тука тие наидоа на жесток седумчасовен отпор од страна на Младинската партизанска чета, која имаше 39 борци, предводени од  командирот Лазар Лазарески и комесарот Мирко Милески – Урош. Во оваа борба загинаа речиси сите борци на четата(32 борци) заедно со командирот Лазарески и комесарот Милески (подоцна прогласен за народен херој на Југославија, од Македонија).

* 1октомври 1961 ,почина Илиш Шпиц, фудбалски репрезентативец на Унгарија и тренер на скопските клубови ФК „Граѓански“ (1938), ФК „Македонија“ (1941–1944) и ФК „Вардар“ (1960 – 1961). Во текот на Втората Светска Војна, како Унгарец со еврејско потекло, окупаторските власти во Македонија се обиделе да го интернираат во логор на смртта (1943), но поради силниот отпор на јавноста и енергичното залагање од Управата на Клубот „Македонија“, бил симнат од возот кај Врање и вратен во Скопје. По овој настан снимен е филмот „Трето полувреме“.

.* 1 октомври 1986.- Во Скопје умре Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Меѓу неговите дела познати се „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и други. Роден е во селото Рајчица, Дебарско, на 22 март 1938 година.

* 1 октомври 1995.- Велика Британија ги напушти традиционалните мерки за должина и тежина воспоставени во 1812 година. Милја, јард, фит, инч, галон, пинт, либро и унц се заменети со километар, метар, сантиметар, литар, килограм и грам.

* 1 октомври 2003 година во Скопје почина Анте Поповски (роден во Лазарополе, 3 јуни 1931), македонски поет, есеист, препејувач и публицист. Дипломира медицина, но реши да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на движењето МААК. Беше директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ од 2001 година.Остави голем творечки опус,избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија.

 * 1 октомври 2015.- Во Белград на 73-годишна возраст умре Уснија Реџепова, пејачка на народна музика. Родена е во Скопје, на 8 август 1943 година. Таа се прослави пеејќи врањански песни, а 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана. Ќе остане запомнета по хитовите „Казуј крчмо џеримо“, „Због тебе мори Лено“, „Од Ниша до Врања“ и многу други.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version