дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-11 Октомври

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-11 Октомври

0

* 11 октомври 1964г.во Миладиновци отворена е амбуланта во еден од учителските станови до железничката станица ,пуштен е во употреба првиот асфалтен пат за Скопје и Славија-Скопје ја отвори првата САМОПОСЛУГА во селото .

* 11 октомври1941.- Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел за конечно ослободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на македонскиот народ за конечо ослободување на земјата која заврши со успех само во еден дел на Македонија.

* 11октомври 1910.- Во Прилеп е роден Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од најзначајните двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика, еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје. Напиша околу 200 научни трудови. Умре во Скопје, на 24 ноември 1985 година.

* 11 октомври1942.- Во селото Крива Река кај Брус, германски и бугарски војници во Втората светска војна ги затворија сите жители во црква и ја дигнаа во воздух, усмртувајќи 320 цивили, воглавно жени и деца.

* 11 октомври1945.- Во Кралево, во авионска несреќа загина Панче Неделковски, полковник и заменик командант на ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија, полковникот Димче Туриманџоски и капетанот Стеван Ташков. Панче Неделковски е учесник на Првото заседание на АСНОМ. Неделковски е роден во Скопје, на 24 април 1912 година.За оваа авионска несреќа постојат сомнежи од фамилиите на загинатите и нивни соборци ,дека падот на авионот е смислен атентат ,а ме несреќа (Дневник 31 март 2017г)

* 11 октомври1946.- Градот Велес (во СР Македонија) го доби името Титов Велес, а од 16 септември 1996 година го носи своето старо име Велес.

* 11 октомври1947.- Во чест на Денот на востанието на македонскиот народ во Битола и во Штип беа организирани првите фестивали на народни игри, песни и инструменталисти од сите краишта на Македонија.

* 11 октомври1953.- Во Скопје, во издание на Матицата на иселениците од Македонија, излезе првиот број на илустрираното списание „Македонија“.

* 11 октомбри1964.- Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија-документарниот филм “Востанати” работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.

*11 октомври 1969 г. Започнала изградбата на Градскиот Трговски Центар во Скопје.  Истата година формиран е деловен одбор за управување со изградбата, а во 1971 година назначен е генерален директор. Во 1972 година завршен е централниот дел на ГТЦ, а во 1973 година трговскиот центар веќе нормално функционирал како комплекс.Како што може да се види, сложеноста на проектот, барала и сложена организација и изведба. Бил вклучен и Архитектонско-градежниот факултет, потоа ФАКОМ, скопската железарница и др. 

*11 октомври1972.- Во Скопје свечено е отворена новата зграда на Националната и универзитетска библиотека.

*11октомври1993.- На 86. Генерална конференција на Меѓународната воздухопловна федерација (ФАИ), што се одржа во Тел Авив, од 11 до 17 октомври, Воздухопловниот сојуз на Македонија (ВСМ) е примен за полноправен член.

*11 октомври1996.- Умре Борислав Трајковски македонски ликовен уметник. Роден е во Битола, на 15 јуни 1917 година.

* 11октомври 1997 година почина Нијази Лимановски.    Доцент д-р Нијази Лиманоски е роден на 27 јуни 1941 година во Ростуше, Долна Река. Бил етнолог и борец за националното обединување на Македонците без разлика на верската припадност. Дипломирал na Географскиот факултет во Скопје во 1979 година, а докторирал на Филозофскиот факултет во Белград, одделение за етнологија и антропологија, на тема: “Етно-социјалните карактеристики на исламизираните Македонци“.Во 1974 година преминал да работи како уредник-новинар во службата за информации во Собранието на Република Македонија, а во 1982 година бил избран за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 година бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура и на таа должност останал до 1 март 1994 година. Од 1994 година работи како доцент на Заводот за етнологија на Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version