дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 ДЕКЕМВРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 ДЕКЕМВРИ

0

-12 декември 1973 година во Битола роден е Петар Милошевски,  до доаѓањето во Вардар мина цела една деценија во Пелистер.Со Вардар стигна до куп-трофејот по што го направи еден од најголемите трансфери во историјата, директно од македонски клуб во странство потпишувајќи за Трабзонспор.Милошевски беше стандарден македонски репрезентативец, зад неговото име останаа запишани 59 мечеви во националниот тим, освен за Трабзонспор играше и во Малатијаспор, Акчабат и кипарски Еносис по што ја заврши кариерата и беше поставен како директор на репрезентацијата.На 13  март 2014 го загуби животот во сообраќајнна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка.

12 декември 1983.- Во Скопје умре Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност. Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во “Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката. Роден е во Прилеп, на 12. мај 1932 година.

12 декември 1866.- Во Ресен е роден Андреј Тасев Љапчев, истакнат политичар и државник од Бугарија со потекло од Македонија. По Првата светска војна бил избран за министер за одбрана на Бугарија, а во 1926 година е избран за премиер на Царството Бугрија и на таа позиција останал до 1931 година. Во историјата е запаметен по неговата политичка максима „Со кроце, со арно и со малку ќотек“.

-12 декември 1933г. Сојузот на аграрните задруги при владата на СХС,до највисоките форуми испратиле предлог доселеничките долгови на Колонизациониот фонд да се избришат и со тоа доселениците да се ослободат од давачки.

-12 декември 1942 година. Судот во Атина изрече  смртната пресуда на шестемина македонски првоборци: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров.С мртната пресуда била спроведена на 26  декември 1942г.

12 декември 1948.– Роден е Срѓан Керим, македонски политичар, амбасадор, министер и претседател на 62. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации од 18 септември 2007 до 16 септември 2008. Во 2003 година е назначен за специјален претставник на WAZ Media Group за Југоисточна Европа и генерален директор на „Ost Holding GmbH,“ со седиште во Виена. Од 2003 до 2012 година тој беше генерален Директор на подружницата „Медиа Принт Македонија.“Срѓан Керим беше кандидат за Генерален секретар на ООН во изборниот процес во 2016 година.

 -12 декември1992г. во шкотскиот Град Единбург,на првиот работен ден на Самитот на дванаесеттемина на ЕЗ, во организација на „Обединети Македонци“ од Канада, беше одржан македонски протест чија цел беше да се извојува дефинитивна победа на македонската вистина и Македонија да биде призната како независна држава.

12 декември 1999.- Во Скопје е основана Обединета партија на Ромите во Македонија. За претседател е избран Неждет Мустафа.

12 декември 2013.- почина Стојан Давчев, сопственик и генерален директор на фирмата ДАСТО и на Телевизија МТМ. Давчев е истакнат бизнисмен и менаџер, кој повеќе од 30 години успешно опстојува на територијата на поранешна Југославија, на Балканот, во Европа, Азија, Африка, САД и Канада. За својата работа и стручност има добиено многу награди, дипломи, благодарници и највисоки професионални признанија. Повеќе години беше претседател на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Македонија, а покрај придонесот за стопанството во земјата, тој беше и голем општественик. Давчев два пати го доби Гинисовиот рекорд за најголем котел сварен грав, на манифестацијата во Сарчиево, Штипско.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version