дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 Јануари

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 Јануари

0

* 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце,се урна хеликоптерот Ми -17 , враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.

* 12 јануари 1980 ,почина Петре Пирузе-Мајски, македонски правник и политичар.Започнал како aктивист нa студeнтското движeњe и Македонскиот народен покрет (МАНАПО), oргaнизaтoр, бoрeц и комaндaнт вo НOБ. Работел како адвoкатски припрaвник вo Oхрид и бил члeн и прв сeкрeтaр нa KП вo грaдoт во 1941 година. Мајски го организирал oслoбoдитeлнoтo движeњe вo Дeбaрцa и бил Комaндaнт нa II oпeрaтивнa зoнa и рaкoвoдитeл нa НOБ вo Зaпaдниoт дeл нa Макeдoниja. Бил члeн нa ГШ нa НOВ и ПOM и учествувал нa II зaсeдaниe нa AВНOJ и нa Првoтo зaсeдaниe нa AСНOM. Избран е за члeн нa Прeзидиумот нa AСНOM, потоа за прв пoвeрeник (министeр) зa прaвoсудствo нa Макeдoниja и члeн нa Кoмисиjaтa зa изрaбoткa нa макeдoнскaтa aзбукa. Нoситeл нa пaртизaнскa спoмeницa 1941. Активно ја подржува идејата за обединета Македонија, па е остранет од Македонија и испрaтeн во 1946 г. зa судиja нa Врхoвниot суд нa Jугoслaвиja вo Бeлгрaд. Обвинeт зa инфoрмбирoвски пoзици и бeз судскa oдлукa e испрaтeн нa Гoли Oток  во 1950 година. Пoтoa нaпoлнo дeгрaдирaн, рaбoти како прaвник вo Сojузнaтa упрaвa зa вeтeринaрстo вo Бeлгрaд и дури вo 1970 година e врaтeн вo члeнствo вo KПM. Пoлитички дискрeдитирaн, како пензионер умирa вo рoдниoт грaд Охрид.

* 12 јануари 1964.- Во Скопје е основан Музејот на современа уметност. Прв директор беше Борис Петковски.

* 12 јануари 1987.- Во Битола умре Васка Бошкова, артистка на Народниот театар во Битола и една од пионерките на овој драмски ансамбл. На сцената стапи со неполни 17 години, а нејзиниот прв поголем успех беше улогата на Петрунела во Држиќевиот „Дундо Марое“. Родена е во 1926 година.

* 12 јануари 1990.- Во манастирот “Свети Гаврил Лесновски”, умре епископот велички Гаврил (Парнаџиев). Роден е во Штип, на 10 март 1926 година.

* 12 јануари 1993.- Во Скопје умре Чедо Јакимовски, македонски писател и новинар. Автор е на книгите „Нарциса“, „Лажно море“ и „Халеевата комета“. Роден е во Кратово, на 22 февруари 1940 година.

* 12 јануари 1995.- во Скопје, почина Климе Савин,  македонски пливачки маратонец и спортски работник. Во негова чест е патеката го носи името “Климе Савин” од Св. Наум – Охрид на Интернационалниот охридски пливачки маратон – дел од Светскиот пливачки куп. Климе бил и еден од првите едриличари во Охрид. Роден е на 19 јануари 1941 година.

* 12 јануари 2004.- Во Скопје умре Благоја Ѓорѓиоски – Лактински, македонски писател и новинар. Автор е на книгата „Атом на мојата постела“. Роден е во селото Лактиње, Охридско, на 10 март 1942 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version