12 јуни 1856 роден е Спиро Гулапчев — македонски анархист.
* 12 јуни 1903 г. во борба со османлиската потера на само 19 години загинува Милан Делчев, брат на Гоце Делчев, деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација.
Милан Делчев станува четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година. На 12 јуни 1903 година, по време на Илинденско-Преображенското востание, турците ја опколуваат четата крај село Неманци(кукушко), кадешто во борбата Милан Делчев е убиен.
Тој е третиот од браќата, после Димитар и Гоце кој паѓа убиен во борба против османлиските поробители. Најмладиот брат Христо Делчев го следи патот на тројцата браќа. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година Христо Делчев е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во Кукушката чета и 15 штипска дружина.После Меѓусојузничката војна Делчев учествува во возобновувањето на ВМОРО и е војвода во Кукушко. Во 1915 година зема учество во Валандовската акција.Учествува во Првата светска војна како постар подофицер во Третиот артилериски полк. За покажана храброст во војната против србите во 1915 година е награден со орден „За храброст“, IV степен.Христо Делчев, женет со три деца, се премесува да живее во Горна Џумаја , каде и умира на 15 јни 1927 година.
Слава на хероите и вечен поклон пред четирите браќа Делчеви кои го дале својот живот за слободата на Македонија !

* 12 јуни 1913 година во кавадаречкото село Ваташа,објавено за дигање на Тиквешкото востание. На ова му претходела реонски собир кој се одржал од 28 до 30 мај истата година во селото Бегниште. На реонската конференција присуствувале 60 претставници на речиси сите села од Тиквешијата, на која била донесена одлука за кревање на востание.Тиквешко востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт која ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена.
*12 јуни 1945.- Грчка воена единица го опколи селото Кономлади, Костурско, Егејска Македонија. Притоа, командантот на единицата ги собра сите жители и со сила ги тераше да признаат дека се Грци. Но, тој не успеа во тоа, бидејќи насобраните му изјавија дека се Македонци.Кономлади е село во Егејскиот дел на Македонија, Костурско.Селото е на 25 километри северно од Костур, во областа Корешта и на 10 километри североисточно од Габреш, во котлина меѓу Вич и нејзините падини Виновданец, Лисец, Рунџел, Полената и Кукул. За време на Грчката граѓанска војна селото страда – 69 души се убиени, 607 кономладци се исселуваат во социјалистичките земји, а 219 деца од Кономлади се изведени од селото како деца бегалци. По војната започнува масовна емиграција во Австралија, САД и Канада.
*12 јуни 1918 г. Роден е Трајко БОШКОВСКИ-Тарцан, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Голем Радобил, Прилепско, Имал една од најзначајните улоги во акцијата од 11 октомври 1941 г. со која започнала антиокупаторската и националноослободителна борба на македонскиот народ. Имено, тој бил политички комесар на Првиот прилепски партизански одред “Гоце Делчев” и ја предводел групата од Одредот која ја нападна полициската станица (учатокот) во градот. Од декември 1941 г. бил наименуван за член и инструктор на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а од април 1942 г. и за политички комесар на Покраинскиот оперативен штаб. Нешто подоцна, во септември 1942 г., ја извршувал и функцијата политички комесар на Велешкиот партизански одред “Димитар Влахов”. Пет пати бил осудуван на смрт од бугарските судови. Во борба со бугарските полициски и воени сили бил тешко ранет, па соборците го оставиле во една колиба. Откако бил предаден, започнал нерамна борба со бугарските воени и полициски сили на 6 јануари 1943 година кај село Сливник, Велешко.
*12 јуни 1943 година, во селото Лавци, Битолско, загина Тодор АНГЕЛЕВСКИ-Строгов (Тошо Даскалот) припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е во село Лавци, Битолско, на 4 јануари 1909 г. Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 г. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од антиокупаторската борба во Битола и Битолско од 1941 до јуни 1943 г. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“. Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 г., командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел во селото Лавци, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил на 12 јуни 1943 г.
*12 јуни 1944.- Во реонот на селото Стрмешево, Неготинско, два баталјона на Втората македонска НОУ бригада го нападна бугарскиот полициски одред “Бенковски”. Во тешките борби тие го разбија одредот и го присилија на повлекување. Непријателот имаше 30 мртви и голем број ранети полицајци, а партизанските единици имаа четири загинати и шест ранети борци. Во оваа борба загина и Коце Стојановски-Металец, истакнат борец и револуционер од Скопје. Роден е на 14 мај 1914 година
*12 јуни1946.- Во Скопје, во борбата за првата фудбалска шампионска титула на слободна Македонија, се одигра фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Победа, 1:2. Од оваа средба Радио Скопје, односно Коле Чашуле, го изврши првиот фудбалски радиопренос во Македонија
12 јуни 1949 роден е Тодор Мицов — македонски поет.
12 јуни 1955 роден е Мурат Мурати — македонски лингвист.
*12 јуни1993.- Република Македонија стана членка на Меѓународната поштенска заедница.
*12 јуни 1997.– Република Македонија и Република Џибути воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
*12 јуни 2001 Генерал потполковник Јован Андревски, Началник на Генералштабот на АРМ, поднесе неотповиклива оставка, во екот на борбените дејства.
*12 јуни 2001.– Владата на Република Македонија донесе одлука за нормализирање на односите со Народна Република Кина. На 18 јуни 2001 година Република Македонија и НР Кина воспоставија дипломатски односи, а истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинаа дипломатските односи