– 13 март 1907 година во Велес е роден
Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска
уметност, актер и режисер. Беше припадник на
првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат
творечки живот го вгради во драмското творештво. До крајот на животот живееше
од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво,
оставајќи зад себе многубројни главни улоги.
Добитник е на бројни награди за своите филмски и
театарски ролји меѓу кои и Златната арена за главна улога на Фестивалот на
југословенсиот игран фим во Пула, за ликот на Мандана во филмот „Мис Стон“,
како и на престижната државна награда АВНОЈ во некогашна Југославија. Умре во
Скопје, на 16 ноември 1995 година.

-13 март 1890.- Во Пловдив умре Иван Генадиев, македонски писател, композитор и општественик. Тој е син на преродбеникот општественик Генадиј, митрополит велешки. Основно училиште заврши во Охрид, а средно училиште во Битола и во Цариград. Потоа студираше филологија на Атинскиот универзитет. Како студент пишуваше поезија и литургиски творби. Во 1859 година објави комедија во стихови, а потоа, во соработка со Григор Прличев и збирката гатанки и песни “Свингс“. Роден е во Охрид, во 1829 година.
-13 март 1895.- Во Њујорк изгоре лабораторијата на пронаоѓачот Никола Тесла со што изчезна огромната научна документација која тој со години ја собираше.
–13 март 1929.- Во Истанбул е роден Матеја Матевски, македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската рдиотелевизија како новинар, уредник на културните и литературните програми, како главен уредник и директор на Телевизија Скопје и генерален директор на Радиотелевизија Скопје. Исполнувал највисоки должности во книжевниот, културниот и општествениот живот на поранешната СРМ и на Република Македонија. Матевски е член на МАНУ и бил нејзин претседател во периодот 2001-2004 година.
-13 март 1933 год во Софија умира еден од основачите на ТМОРО, АНДОН ДИМИТРОВ. Андон потекнува од средно имотно семејство. Во 1889 година завршува со четвртата генерација во егзархиската машка гимназија во Солун, а потоа, од 1889 до 1892 година како егзархиски стипендист учи право во Вишото училиште во Цариград, кое не го завршува поради болест. Се враќа во Солун и во периодот 1892 – 1897 прдава турски јазик во Солунската егзархиска машка гимназија. На 23 октомври 1893 година заедно со доктор Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев ја основаат Македонската револуционерна организација. Димитров е член на Централниот комитет на организацијата од самото создавање, а во 1896 година е реизбран на .Солунскиот конгрес.
-13 март 1944 во Охрид родена е АТИНА БОЈАЏИ (починала на 28 декември 2010 во Скопје) — македонска маратонка во пливање. Уште на 11 годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн.Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Наполи станала светски првак на солени вои.Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември1969 година, за 13 часа и 20 минути (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш и со тоа станува првата Македонка која го остварила овој успех.
-13 март 1981г.формирана е специјалната единица при МВР „ТИГАР“,за прв пат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.
-13 март 1987,починал Бошко Станковски бил македонски политичар, претседател на Собранието на СРМ.Роден е на 26 октомври 1925 година во село Брусник, Битолско. Учесник е во НОБ и е носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на СКОЈ од јануари 1941 година, а член на КПЈ – од ноември 1943 година.
-13 март 1993.- Во Скопје умре Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20. век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија. Беше професор на Факултетот за ликовна уметност во Скопје и член на групата „Мугри“. Меѓу најзначајните дела се „Манастирски пејзаж“, „Презреано жито“, „Црвена арабеска“, „Жена“ и други, а од мозаиците најпознат е мозаикот во Спомен-костурницата во Велес. Роден е во Кавадарци, во 1927 година.
–13 март 1997.- Во Белград умре Душан Горенчовски, македонски писател. Автор е на теливизиската драма „Белиот ѕид“ и на радиодрамите „Самоубијци“, „Црниот круг“. Роден е во Неготино, на 28 април 1933 година.
-13 март 1998.- Во Скопје умре Бошко Смаќоски, македонски писател. Од неговото обемно книжевно дело ќе ја споменеме неговата прва книга поезија „Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната „Лето господово, лето ѓаволово“ (поезија), објавена во 1998 година. Роден е во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година
-13 март 2006.- Во Скопје умре Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На 14 март 1952 година Османли стана првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) стана и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“ Османли беше прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор по предметите Актерска игра и Интермедијално творештво со историја на филмот. Се занимаваше и со пишување на филмски и телевизиски сценарија, адаптации и драматизации на македонски литературни дела. Општо земено, неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа има добиено многубројни уметнички и општествени награди и признанија. Роден е во Битола на 29 мај 1927 година
-13 март 2016г. Во трагична сообраќајна несреќа животот го загуби спортскиот директор на македонската фудбалска репрезентација, нашиот легендарен голман Петар Милошевски. Петар Милошевски (40 години) е поранешен голман на Пелистер и на Вардар, како и на Трабзонспор, Малатија и Енозис, а последните две години ја извршуваше функцијата спортски директот на националните фудбалски селекции на Македонија.