*14 ноемви 1944г.е ден на ослободувањето на Ѓорче Петров.

*14 НОЕМВИ 565 г.- Умре византискиот цар Јустинијан I наречен Велики, кој се прослави со кодификација на римското право, голем градител и освојувач. Во 537 година ја изгради црквата Аја Софија, најголема во Константинопол, која по освојувањето на градот во 1453 година Турците ја претворија во џамија.
*14 ноември 1884 година во Кривогаштани, роден е Милан Христов Ѓурулков. Добива прогимназиско образование во Прилеп и учителствува една година во своето родно село. За време на Илинденското востание е пунктовен началник во родниот крај. Со четата од 80 лица е под директна команда на Питу Гули, со која учествува во борбата за „Црниот врв“. По задушувањето на востанието Ѓурлуков останува во четата на Толе паша, а подоцна е уапсен и осуден на четири месеци затвор во Битола.
* 14 ноември 1897 година една разбојничка чета, составена од 26 луѓе и водена од Коте Голчев од Берово минува од Бугарија и располагајќи со јатаци во Виница, влегува по полноќ во селото, го убива месниот богат Турчин Ќазим-ага и еден полјак, и крадат од неговиот дом околу 800 лири. По убиството четата ја мина границата и се скри во Бугарија. Полјакот беше работник на Организацијата. И, токму тоа убиство стана причина да се расплете и развие страшната Виничка афера. Другиот ден кочанскиот кајмакам се појавува со стражари и војска во Виница, ги подложува селаните на ќотек и ги откри соучесниците на бандата, осум души, меѓу нив и раководителот на комитетот, Георги Иванов, син на виничкиот кмет. Фатена беше жената на убиениот, кога го виде мртов својот маж, мислејќи дека е тој убиен од Организацијата, со солзи во очите појде кај командирот на војската и му соопшти, за инат на Организацијата, дека во нејзината куќа има и складирани комитски пушки.
* 14 ноември 1944.- Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл “Кочо Рацин” во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката “Ѓоре Магаревски”, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.
* 14 ноември 1995.- На свечен начин во Индустриско-трговската комора на Руската Федерација, на претставникот на Стопанската комора на Македонија во Москва, му беа предадени акредитивите, со што и официјално е регистрирано нејзиното претставништво.
* 14 ноември 2001.- Пет репулбики наследнички на СФРЈ се договорија за наследство од 74,5 милиони долари монетарно злато. Првиот дел од останатиот имот на поранешната заедничка држава е проценет на околу две милијарди долари.