– Денеска е Светски ден на културното наследство
-16 април 1945 г.на 15 –от македонски партизански корпус доби налог да го пробие сремскиот фронт,во завршните операции биле ангажирани 25.000 македонски партизани, а при тоа кај Врпоље загинале 210 партизани-борци од Македонија ,меѓу нив беа и нашите сограѓани: Велковски Димитриев Ангел од Илинден,Давчев Томов Коле од Кадино,Велковски Тодев Боре од Миладиновци,Трајковски Петров Благоја од Миладиновци,Цветковски Тодор Васил од Миладиновци,Трајковски Петров Стево од Миладиновци,Трајковски Мицков Тодор од Миладиновци,Спасовски Блажов Ѓуро од Миладиновци и Нацев Петков Велче од Мралино.

Големите жртви се должат на фактот што војниците на корпусот биле опремени само со лесно пешадиско вооружување.Од вкупно 25.000 борци и старешини, на Сремскиот фронт загинале најмалку 1.674 борци, ранети биле 3.400, а за исчезнати се сметале 378 борци и старешини.
-16 април 1924 – во Кочани роден е Стево Теодосиевски. На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.
Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.Почина на 9 април 1997 година.
–16 април 1945.- Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓу другото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти со кои е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.
–16 април 1991.- Собранието на СР Македонија го усвои Нацрт-амандманот за бришење на атрибутот “Социјалистичка” пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7 јуни 1991 година.