дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН 16 ЈАНУАРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 16 ЈАНУАРИ

0

*16 јануари 2008.- На 80-годишна возраст починал академик Никола Кљусев, првиот премиер на независна Република Македонија (1991-1992) кој имал значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-45) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 година заминал на студии на Економски факултет во Белград, каде што бил уапсен и испратен на Голи Оток, поради што две години бил исклучен од Универзитетот. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година. Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. За својата научна активност носител бил на највисоката републичка награда „11 Октомври“ и на голем бројдруги награди и признанија во земјата и во странство.

*16 ЈАНУАРИ 1991 Во Белград, Србија, почина Густав ВЛАХОВ, припадник на Македонското националноослободително и комунистичко движење, инженер технолог, воен и државно-политички деец, општественик и дипломат. Роден бил во Истанбул, Турција, на 18 септември 1912 г. По потекло бил од Кукуш, Егејски дел на Македонија и бил син на Димитар Влахов. Основното училиште го завршил во Варна во периодот 1919 до 1923 г., средното во Виена во 1932 г., а потоа во 1933–1934 г. живеел во Париз и станал член на КП на Франција (КПФ). Преку Лондон и Ленинград, стигнал во Москва во 1935 г., каде што се запишал на Военохемиската академија. Го завршил Хемиско-технолошкиот факултет и се вработил како инженер-технолог во московска фабрикаПо Хитлеровиот напад на СССР се пријавил доброволец во Црвената армија во 1941 г. и како припадник на Посебниот одред со специјални задачи и политички заменик на командантот на Интернационалната бригада на Црвената армија, учествувал во одбраната на Москва. По краткиот престој во Белград, на 17 ноември стигнал во Скопје. Во Македонија осум месеци вршел одговорни функции. Испратен бил на работа во Белград како политички секретар на Кабинетот на Врховниот командант на оружените сили на ФНРЈ, а потоа бил помошник министер за надворешни работи и помошник-министер за земјоделство, претседател на Комитетот за социјални грижи на Владата на ФНРЈи други сојузни и републички функции. Бил носител на Партизанска споменица 1941 и на други награди и признанија.

*16 Јануари 1767г. Укината е Охридската ариепископија,укинувањето на Охридската aрхиепископија станало по отстранувањето на архиепископот Арсениј кога тој бил принуден да даде отказ

*16 јануари  1924.во Битола роден е Благој Петров – Караѓуле , оперски пеач, баритон. Во 1949. г. дебитирал на сцената на Операта на МНТ со улогата на Маркизот во операта Травијата. Во МНТ останал се до трагичното загинување во скопскиот земјотрес во 1963. Остварил повеќе од 15 улоги, мегу кои позначајни се: Зорз Зермон (Травијата), Папагено (Волшебната флејта), Родриго-Поза (Дон Карлос), Фигаро (Севилскиот бербер), Ренато (Бал под маски). Поседувал сонорен глас, изразита музикалност и сценски шарм. Познат е како одличен интерпретатор на македонски народни песни.

*16 јануари 1902.- Во Велес е роден Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско глумиште. Умре во Скопје, на 29 јануари 1999 година.

*16 јануари 1945г. во Скопје е формирана првата детска градинка во Македонија

*16 јануари 1996.- Одржано е Основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22 март 1996 година, а промовирана на 14 јуни 1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.

*16 јануару 1997.- Во Скопје умре Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. Родена е во 1935 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version