дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-17 МАРТ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-17 МАРТ

0

-17 март е сведски ден на крводарувањето,на тој ден  формиран е Црваниот крст на Македонија како самостојна невладина организација делува од 21 мај 1992 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169 членка.

-17 март 2001г., откако армискиот хелихоптер Ми-17 се урна на Попова Шапка, Тетовско,  загинува Драганчо Илиевски, постар водник во АРМ. Другите 16 лица кои исто биле во хелихоптерот биле повредени, некој лесно, некој потешко. Вистината за падот на хеликоптерот сеуште не е позната.

-17 март 1891.- Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.

-17 март  1922 година во Битола е роден народниот херој Вангел НЕЧЕВСКИ-Тунелот. Бил припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. По фашистичката окупација бил ангажиран во акциите на Месниот комитет на КПЈ за Битола за собирање оружје и за растурање пропаганден материјал. Бил уапсен од бугарската фашистичка полиција во почетокот на 1942 г. По половина година интернација, се вратил во Битола и кон средината на 1942 г. станал борец во Партизанскиот одред “Дамјан Груев”. Подоцна бил курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.  Пред крајот на антиокупаторската борба станал заменик-командант на дивизија  Бил носител на Партизанска споменица 1941 г., на други награди и признанија, а за народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 г. Починал во Битола на 5 март 2006 г.

-17 март 1946.- Формирана е првата младинска бригада на Македонија, која работеше на обновата на разурнатиот дел на пругата Скопје – Гевгелија, таканаречената варијанта Клисура – Удово.

-17 март 1947.- Во Скопје е формирана првата Хирушката клиника во Македонија.

-17 март 1992.- При доаѓањето на делегацијата на Република Словенија, на чело со претседателот Милан Кучан, при пречекот на аеродромот „Скопје“, беа промовирани македонските државни почести. Првпат при пречек на висок гостин беше интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат беше построена почесната единица на Македонската армија со македонско државно знаме и првпат командантот на почесната единица полковник Стефан Лазаревски на македонски јазик му рапортираше на еден претседател кој допатува во официјална посета на Републиката.

Војниците од почесната единица на сивомаслинестите униформи првпат имаа поставено македонски државни симболи.

-17 март 1992.- Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version