дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 ФЕВРУАРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 19 ФЕВРУАРИ

0

   

*19 февруари 1875г.Роден е Димо Хаџи Димов, македонски социјал-анархист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, истакнат претставник и идеолог на Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на македонската група во Бугарската работничка партија(тесни социјалисти).
Во судирот помеѓу Внатрешната организација и Врховниот комитет Хаџи Димов застанува категорично на страната на Внатрешната организација.

19 февруари 1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном, еден од најголемите астрономи на сите времиња. Поаѓајќи од теоријата на грчките астрономи, кои сметале дека Сонцето е центар на светот, а Земјата и другите планети кружат околу него, Коперник ја формулирал теоријата на хелиоцентричниот систем и со тоа ги поставил основите на модерната астрономија. Умрел на 24 мај 1543 година.

*19 февруари  1878.- По завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина била предвидена автономија под надзор на Австро-Унгарија, а било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни  до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразиле врз понатамошните односи на Балканот.

*19 февруари 1895.- Во Кукуш е родена Лика Чопова – Јуркова, истакнат македонски педагошки работник и публицист. Потекнува од револуционерните македонски семејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев, и татко Андон Чопов. Умре во Скопје, на 5 септември 1983 година.

*19 февруари 1905.- Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонија“. Излегуваше до јули 1906 година (објавени се 40 броеви). Целта на весникот беше да се запознае француската и воопшто европската јавност со положбата, настаните и судбината на Македонија. Главен и одговорен уредник беше францускиот новинар и публицист Жорж Голи.

*19 и 20 февруари1983 година за време на зимската пауза, екипата на Вардар предводена од Вукашин Вишњевац на традиционалниот турнир во Скопје им оддржа лекција на белградски клубови Црвена Звезда (2:1) и Партизан (4:2) и го освои трофејот, покажувајќи им дека не се помирува со есенската позиција на табелата во тековнотото првенство

*19 февруари 1994.- Во Скопје е основано Македонско-американско здружение за пријателство и соработка.

*19 февруари 1996.- Во Њујорк официјално започна со работа Генералниот конзулат на Република Македонија.

*19 февруари 1996.- Советот на Театарските игри “Војдан Чернодрински” донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името “Македонски театарски фестивал”.

*19 февруари 2013.- Во Источен Сибир во Русија забележана е рекордно најниската температура – во селото Ојмјакон измерени се минус 71 степени Целзиусови. Источносибирското село Ојмјакон е најстуденото и во исто време постојано населено место на Земјата. Во него живеат 500 луѓе, кои пак велат дека зимите во последните години се потопли бидејќи температурите се движеле меѓу минус 40 и минус 50 степени.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version