НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 2 АВГУСТ
*2 август 1903. Македонија го одбележува Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндена – Илинденското востание-1903 година и Првото заседание на АСНОМ-1944година.

* 2 август 1903 г околу 750 востаници ја нападнале поштата во Крушево откако ја ослободиле поштата нападнале касарната во Крушево истата ноќ се воделе најтежките борби на Мечкин Камен и Смилево каде што паднале многу востаници за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА по десетчасовната тежка битка Никола Карев ја прогласува ПРВАТА РЕПУБЛИКА НА БАЛКАНОТ И ВО ЕВРОПА подоцна создава шест члена влада на чело со Дину Вангели…
* 2 август 1944.- Во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ е конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, за Претседател на Президиумот бил избран Методија Андонов-Ченто,а македонскиот јазик е воведен како службен јазик во Македонија.
*2 Август 338 п.н.е.Битка кај Херонеја (338 п.н.е.) — важна битка на Македонското кралство под водство на Филип II Македонски одиграла близу Херонеја, во Беотија и била најголемата победа на Филип II Македонски. Таму Македонците и Тесалијците под командата на Филип (со 32.000 војска) ги поразил помалите здружени сили на Атина и Теба, зацврстувајќи ја македонската хегемонија во Грција.
* 2 август 1911 година, Апостол Петков Терзиев заедно со војводите Георги Мучитанов Касапчето и Васил Пуфки,предадени од нивен поранешен соборец загинуваат.
* 2 август 1915 роден е Јосиф Јосифовски –Свештарот,македонски комунистички деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни.
* 2 август 1918г.во Скопје се одржале големи манифестации по повод 15-годишнината од илинденското востание
* 2 август 1929г. отворена е авионска линија Скопје-Белград-Загреб.
* 2 август 1940.- Во Прилеп по повод годишнината од Илинденското востание е организиран масовен излет во месноста „Шаторов камен“. По враќањето од излет беа изведени демонстрации во градот, со пароли против војната, за мир и за слобода.
* 2 август 1941 г роден е Пепи Бавтировски ,починал на 25 април 2008 г. ,еден од подобрите пејачи на македонската народна песна.
* 2 август 1963.- Во Скопје умре Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, историограф, публицист и сценарист. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Роден е во Дојран, на 7 октомври 1910 година.
*2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание.Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска и ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
* 2 август 1988.- Во Скопје умре Ѓорѓи Механџиски, македонски новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“, поет и публицист. Еден е од основоположниците на културните манифестации „Гоцеви денови“ и „Песна за Гоце“. Роден е во селото Ѕвегор, Делчевско, на 24 април 1942 година.
* 2 август 1991.- Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник „Република“. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.
* 2 август 2000.- Во Скопје умре академик проф. д-р Александар Христов, еден од најистакнатите македонски научници од областа на правните и историските науки. Одбраните трудови „Создавање на македонската држава 1878-1978“ во 1985 година го издаде издавачката куќа „Мисла“ од Скопје. Роден е во Неготино, на 27 јули 1914 година.