дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 Декември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-2 Декември

0

*2 декември 1952 година, се одигра пријателски натпревар помеѓу  ФК Вардар  и Малме.Натпреварот се одигра  во Скопје, само пет години по формирањето на Вардар Пред полните трибини , Вардар издвојуваше победа со 3-1.

Под „палката“ на легендарниот Кирил Симоновски – Џина, Вардар му се спротивстави на шведскиот тим во следниот состав: Видиниќ, Кокиновски, Д. Георгиевски, Лазаревски, Новаков, Јаневски, Миланов, Геров, Велковски, П. Георгиевски, Цинциевски. Голем број од овие наведени играчи, се фудбалери кои што во славната 1947 година почнаа да ја испишуваат историјата на клубот.

*2 декември 1971.- Советскиот вселенски брод „Марс 3“ слета на планетата Марс.

*2 декември 1884.- Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умре во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.

*2 декември 1944.- Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница “Македонија сообраќај” на 4 декември 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија.

* 2 декември 1946.- По борбата што се водеше помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин – Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.

*2 декември 1998.- Владата на Република Македонија донесе одлука за доаѓање на НАТО-силите во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version