* 2 oктомври ,Меѓународен ден на ненасилството!Генералното собрание во јуни 2007 г. ја усвои резолуцијата со која овој ден се одбележува како ден на ненасилството.Тоа е и датумот на кој е роден големиот хуманист МАХАМА ГАНДИ.

*2 октомври 1927г. роден е Никола Кљусев,еминентен економист, универзитетски професор, научен истражувач, академик, општественик, државник и литерат. Бил учесник во НОБ во периодот од 1942 до 1945 година, а одлежал и на Голи Оток, за што бил исклучен две години од Универзитетот во Белград. Дипломирал на економскиот факултет во Белград. Прв премиер на самостална Македонија 1991 -1992г.Почина на 17 јануари 2008г.
*2 Октомври 1944г. Загина Николиќ Јанко Игнат од Мршевци. во борбите против германците кај Берово.
* 2 ОКТОМВРИ 1967.- Во Скопје, во салата на ДТВ „Партизан III“, двајцата ентузијасти, пропагатори на боречките спортови – Атанас Којчевски, професор по физичко воспитување и Сејдо Теофиловски, студент, со 117 младинци го одржаа првиот час по карате во Македонија.
* 2 Октомври 1985.- Во Скопје, во реванш натпреварот од првото коло на Купот на УЕФА, ФК Вардар од Скопје, го победи ФК Динамо од Букурешт со 1:0 и се пласира во натамошното учество, бидејќи на 17 септември 1985 година во Букурешт загуби со 2:1.
*2 октомври 1992.- Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија
*2 октомври 1994.- Во Пробиштип е осветена новоизградената црква „Пресвета Богородица“.
*2 октомври 2000.- Во Скопје умре Александар Ивановски, македонски новинар, еден од основачите на весникот „Вечер“. Роден е во Скопје, на 21 февруари 1937 година.