-20 декември 1582г.воведен е грегоријанскиот календар
-20 декември 1345 година Цар Душан ,го прогласил Скопје за престолнина на својата држава, а веќе следната година бил во него и крунисан за цар. Во негово време градот, општо, се наведува како главно трговско место со развиено занаетчиство, каде што посебна улога имале дубровничките и венецијанските трговци. Според Стојан Новаковиќ и Гедеон Јуришиќ, за време на владеењето на царот Душан дури бил изграден и Куршумли-ан, кој служел како воена касарна. Освен тоа, некои автори сметаат дека на местото на денешната Султан-муратова џамија се наоѓал и Душановиот царски дворец. По смртта на Стефан Душан, градот бил под српска власт сè до 1392 година, кога Вук Бранковиќ им го предал на Отоманците, со што влегол во рамките на Отоманската Империја

–20 декември 1923.- Во Штип е роден Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик. Тој е еден од основоположниците на модерната македонска литература. Неговата прва книга стихови “Песни” објавена е во 1944 година. Меѓу другите познати дела се “На Грамос”, “Стихови за маката и радоста”, “Слеј се со тишината”, “Ветерот носи убаво време”, “Небиднина” и други. Покрај писателската дејност тој беше уредник на книжевните списанија “Иднина”, “Нов ден”, “Хоризонт” и “Современост”. Умре во Скопје на 20 јануари 1982 година.
-20 декември 1879г. Томас Ман ја промовирал првата електрична светилка-сијалица.
-20 декември 1699 Рускиот Цар Петар Велики го модернизирал рускиот календар ,при што 1 јануари го одредил какоден од кога ќе започнува нова година ,наместо дотогаш како што нова година се одбележувала на 1 септември.
-20 декември 1902г.роден е Васил Иљоски , бил македонски драмски писател, есеист, критичар, книжевен историчар, истакнат педагошки работник и автор на драмски дела кои се изведувани меѓу двете светски војни на македонски јазик.Почина на 1 ноември 1995г.
-20 декември 1909г. во Охрид е роден Андон Дуков,македонски ликовен уметник,учесник во НОБ.На 16 февруари бил пронајден смрзнат ,бос ,со празна торба и вкочанети прсти со пушката во раце.
–20 декември 1925.- Во Прилеп е роден Властимир Николовски, еден од најголемите македонски композитори во историјата на повоената македонска музика и академик. Меѓу бројните дела познати му се ораториумот „Клименту“, кантатата „Сердарот“, симфониите “Бревис“, „Барбара“ и „Рустика“ и други. Умре во Скопје, на 28 март 2001 година.
–20 декември 1943 година Со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во Фуштани Егејска Македонија од баталјоните “Страшо Пинџур“, “Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант Диме Туриманџовски Горски, зам. командант Лазар Калајџијски Добри, политички комесар Трифун Трифунов Балкански и за. Политички комесар Мито Хаџи Василев Јасмин. За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда.
-20 декември 1993г. Кралството на Шведска и Кралството на Норвешка воспоставија дипломатски односи со Македонија.
–20 декември 1994.- Собранието на Република Македонија донесе одлука за избор на Владата на Република Македонија. За претседател на Владата е избран Бранко Црвенковски.
–20 декември 2001.- Умре Борко Темелкоски – Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија. Роден е во Прилеп, на 11 август 1933 година.