дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН 20 ФЕВРУАРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 20 ФЕВРУАРИ

0

 

*20 февруари 1898.- Во Софија, од најмени терористи, е убиен Димитар Васил Македонски, македонски преродбеник, учебникар и адвокат. Роден е во селото Емборе, Кајларско, во 1847 година.

 *20 февруари 1943.- Во Скопје, во судир со бугарската полиција загина Раде Јовчевски – Корчагин, народен херој на Македонија. Роден е во Скопје, на 14 август 1919 година.

*20 февруари 1790 година  роден е македонскиот учител, просветител, преродбеник Даскал Камче .Роден е во с. Корешница, меѓутоа во 1800 година неговиот татко со семејството се преселил во Ваташа. Се образувал самоуко, бидејќи имал голем афинитет кон пишаниот збор и образованието. Во 1830 го отворил првото световно училиште во Тиквешијата во селото Ваташа. Додека престојувал на Св Гора го напишал “Краток опис на дваесетте Светогорски манастири“. Со подршка на богатиот кавадаречки трговец Јовко Марков во 1838 година ја отворил првата печатница во Македонија. Се претпоставува дека во ваташката печатница на Даскал Камче била отпечатена “Таблица перваја“ на Јордан Хаџи Константинов Џинот, како и книгата “Служение еврејско“. Даскал Камче починал во 1855 година.

*20 февруари 1908.- Кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба против турската војска загина Мануш Георгиев – Турновски, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Роден е во селото Ново Село, Струмичко, во 1880 година.

 

*20 февруари 1949година роден е  Васе Манчев — македонски писател.

  *20 февруари 1970.- Почна изградбата на големиот мост преку Босфорската теснина, кој денес е прва директна копнена врска меѓу Балканот и Мала Азија.

*20 февруари 1990 на плоштадот во  Скопје се одржа најголемиот протестен митинг во Македонија (присутни околу 150 илјади граѓани)
На кој се бараше заштита на основните и национални права на Македонците во Бугарија, Грција и Албанија!!!

*20 февруари 1992година роден е  Борјан Ристовски — македонски фудбалер.

*20 февруари 2000.- Во Скопје умре Игор Маџиров, македонски актер. Роден е во 1970 година.

*20 февруари 2016.- На 83-годишна возраст починала Лепша Пиперковска, основоположник на македонската пијанистичка педагогија. Првиот јавен настап на пијано го имала на осумгодишна возраст. Како Лепша Бојаџиева завршила Средната музичка школа во Скопје а дипломирала на Музичката академија во Белград Лепша Пиперковска е автор на осум учебници за наставата по пијанои  на повеќе стручни трудови од областа на пијанистичката педагогија, теорија и практика. Лепша Пиперковска е родена на 1 ноември 1932 година, во Скопје.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version