дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-20 СЕПТЕМВРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-20 СЕПТЕМВРИ

0

*20 септември 331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија.

* 20 септември 1913 година српската офанзива ги принудила македонските и албанските чети да прогласат распуштање со што бил ставен крајот на Охридско-Дебарското востание,а претходно ослободените територии пак подпаднале под српска власт.

*20 септември1948.- Во Софија умре Лука Џеров, македонски учител, револуционер и војвода. Учесник е во Илинденското востание 1903 година и борец против врховистичките предавници на македонското дело. Роден е во Битола, во 1870 година

*20 септември1990.- Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уствот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава.

*20 септември1993.- Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и природата „Патот на розата“

*20 септемви 1998.- Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите разкази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година.

*20 септември 1998.- Во Прилеп умре д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Покрај другите трудови, автор е на книгата „Средновековното културно богатство на Република Македонија“. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година.

ST-A35-1-62 03 May 1962 Visit of Gherman S. Titov, Russian Cosmonaut (astronaut), 12:47PM. [scratches original to negative] Please credit “Cecil Stoughton. White House Photographs. John F. Kennedy Presidential Library and Museum, Boston Ma”

*20 септември 2000.- Умре советскиот космонаут од руско потекло Герман Титов, вториот човек кој летал во вселената. Титов во август 1961 година, во вселенскиот брод „Восток 2“, помина 25 часа во вселената, обиколувајќи ја Земјата 17 пати. За неговите заслуги доби најмногу државни награди и стана херој на СССР.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version