дома РАЗНО На денешен ден На денешен ден- 21 Октомври

На денешен ден- 21 Октомври

0

 

*21 октомври1943.- Во селото Издеглавје, Охридско, е одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца. Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донесе мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска. Според одлуките на собирот, откажана е секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација е воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставија на располагање на народната власт. Потоа е формирана првата организирана црковна власт, формирано е архиерејско намесништво, а за прв намесник е поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота ставрофор Антим Поповски.

*21 октомври 1912 г. Непосредно по  ослободување  од  турците во  ВЕЛЕС била формирана месна управа во состав:
1. Димитар Ничев, околиски началник
2. Крум Зографоки, полициоки началник
3. Алексо Мартулков (Извор,Мак.од 1912-1941)

* 21 октомври1941.- Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија – од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.

*21 октомври1990.- Во Струга е поставен камен-темелник на новиот црковен храм „Света Петка“.

* 21 октомври1990.- Во селото Опае, Кумановско, е осветена црквата „Свети Ѓорѓи“.

* 21 октомври2000.- Умре Александар Ацо Ивановски – Ревија, еден од најпознатите македонски фотографи. Роден е во Тетово, на 14 март 1921 година.

* 21 октомври 2015.- На 78-годишна возраст во Скопје почина проф. Елка Димитриева, научен советник во пензија на Економскиот институт во Скопје. Елка Димитриева припаѓаше на доајените истражувачи на демографската област во Република Македонија и пошироко. Автор е на бројни научни трудови, стратешки документи и други проекти со кои даде значаен придонес за демографската научна мислa

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version