*22 септември е Меѓународен ден без автомобили
*22 септември 1924г. Лазар Велков ,роден во Дивле –скопско,познат како Лазар Дивљанец . На денешен ден во месноста островица помеѓу селата Живиње и Колицко бил заобиколен од српската жандармеријата ,војската и контра четите на Т.Циклев и Мино Станков.По еднодневната борба Лазар Дивљанец бил тешко ранет ,а за да не падне во рацете на непријателот се самоубил,тука погинал и Стојан Тушев ,четата се повлекла оставајќи ги труповите(телата)на Лазар и Стојан од с.Агино.За пронаоѓање на неговата чета српските џандари употребиле големо насилство врз жителите на Дивле и Сушица.При оваа потера четири жени биле мачени со оган да ја откријат четата на Лазар Дивланец. Инаку Лазар по професија бил ѕидар во Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација влегол во 1896 година, го предводел селскиот комитет во Дивле и извршувал курирски задачи. Во 1906 година е уапсен од властите и осуден на 15 години затвор. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестиран. По 1910 година станува војвода на обновена ВМОРО во Скопско. За време на Првата балканска војна во 1912 година Велков дејствува со четата во Скопско и ги помага сојузничките сили. По Втората балканска војна во 1913 година е уапсен од новите српски власти во Вардарска Македонија и фрлен во затвор во Белград. Во 1914 година успева да избега и во 1915 година се вклучува во чета, со која навлегол во Кумановско. Подоцна дејствува со чета во Скопско. По Првата светска војна се вклучува во дејноста на обновената ВМРО на Тодор Александров и повторно станува војвода на чета во Скопско. Негов секретар во 1924 година е Петар Станчев.Во четата на Лазар Дивљанец ,покрај другите членувале комити околните села на Дивле , од селата на скопска блатија .

*22 септември 1944.- Во една битка на партизаните против балистите кај селото Премка, Кичевско, откако беше тешко ранета, умре Ибе Паликуќа. Македонска хероина од Втората светска војна. Анти-фашистка, водач на чета од македонската Четврта ударна албанска бригада, и борец против италијанските фашисти и албанските балисти.Историјата вели дека таа била Албанка. Но, занимливо е тоа што нејзиното презиме е чисто македонско презиме… Како и да е, таа којашто на свои 17 години го дала животот за слободата на Македонија, е херој и за македонскиот народ, и за сите етнички малцинства во Македонија. На 8 октомври 1953 е прогласена за – народен херој на НФР Југославија.
*22 септември 1898 ,роден е Борис Спиров — македонски лекар и политичар
*22 септември 1921г. По одлука на министерот за аграрна реформа сите четници во Македонија добиле по 10 хектари земја .За таа цел требало да достават биографски податоци до Василије Трбиќ,а тој да даде препорака дали да се даде или не земја.
*22 септември 1935 ,роден е Беќир Жута — македонски економист и политичар.
*22септември1946.- Во НР Македонија се одржаа првите избори за Уставотворното собрание. По Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога се удрени темелите на новата македонска држава и по Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, во ослободената земја, како резултат на изборената национална, социјална, политичка и економска слобода, а врз основа на демократските принципи, беа одржани избори за првото во македонската историја – Уставотворно собрание, кое го донесе првиот Устав на НР Македонија.
* 22 септември 1975 година авион од типот Antonov 2R при слетување на скопскиот аеродром се судрил со Antonov.
*22 септември 1979 ,родена e Дивна Пешиќ, професионален спортист и повеќе од дваесет години се занимава со стрелаштво. Таа е најдобар стрелец на сите времиња со малокалибарска и воздушна пушка во Македонија со 37 државни рекорди во женска и машка конкуренција. Во 2008 била прогласена е за најдобар стрелец во Македонија во категорија на сениорки, а во 2009 е актуелен државен првак во две дисциплини со малокалибарска пушка. Таа е Балкански шампион и два пати учествувала на Олимписките игри, Сиднeј, Австралија (2000) и Атина, Грција (2004) и има постигнато врвни резултати на европските и светските натпреварувања. Со сликарство, техника масло на платно, започнала од 13-годишна возраст и досега има реализирано повеќе изложби во земјава и во странство. Живее во Скопје и Кавадарци.
*22 септември 1986.- Во Струга умре д-р Димитар Хрисохо, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и основач на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 200 научни трудови и се смета за еден од пионерите на кибернетскиот пристап во медицината во Македонија. Роден е во Битола, во 1924 година.
*22 септември 1991.- За првпат во Република Македонија беше изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски – Чудотворец (опходот траеше до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
*22 септември 1992.- Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.
*22 септември 1992.- Воспоставена е авиолинија Скопје – Москва.
*22 септември 1993.- Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија
*22 септември 2009 ,почина Коле Чашуле — македонски романописец, драмски писател, публицист, револуционер-првоборец, политичар и дипломат.