НА ДЕНЕШЕН ДЕН-23 ЈУЛИ
* 23 јули 2001 кај Лешок заложувајќи го животот за Македонија и идните поколенија,загина Ѓокo Лазаревски. Тој и неговите другари давале отпор со цел да обезбедат сигурен премин на соселаните во соседното село Жилче. Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за неродениот син, за селаните, за Лешок, за Македонија. Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас”, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело. !

* 23 јули 2001.- На македонско-албанската граница, кај месноста Рибница, е пукано врз патрола на АРМ, при што загина Миле Гиновски (на 43 години) од Кичевско, припадник на АРМ.
* 23 јули 1870 роден е Јордан Сиљанов –Пиперката македонски револуционер, член и демирхисарски војвода на ТМОРО. Од 1897 година влегол во четата на војводата Дуко Тасев. На печалба во Бугарија за последен пат заминал во летото на 1900 година. Со Ѓурчин Наумов – Пљакот се враќаат во Македонија и дејствуваат илегално. Во 1901 година влегол во четата на Никола Русински, а од 15. VIII 1901 година станал демирхисарски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание. Тој е еден од најпопуларните и најопеаните македонски војводи во народните песни.Убиен е на 10 август 1903г
* 23 јули 1872 во Битола е роден Спас Мартинов македонски деец, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.
* 23 јули 1902 година (нов стил) кај село Ракитница ,од заседа загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов – Пљакот иуште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.
* 23 јули 1914.- По убиството на надвојводата Фердинанд во Сараево, Австро-унгарската монархија и упати ултиматум на Србија, обвинувајќи ја како главен организатор во сараевскиот атентат. Србија, по совет на царска Русија, го прифати речиси во целост, со исклучок на барањето на истрагата за атентатот на територија на Србија да ја вршат австроунгарските чиновници. За Австро-унгарската монархија тоа беше доволен повод пет дена подоцна да и објави војна на Србија. Со тоа почна Првата светска војна.
* 23 јули 1915.- 1915 година во Битуше, Гостиварско е роден Тихомир Милошевски. Тој бил командант на македонските воени единици во текот на НОВ на Македонија, учесник во Февруарскиот поход предводејќи баталјонски единици, а со формирањето на Третата македонска бригада бил поставен за нејзин командант. Во 1944 година учествувал како делегат на Првото заседание на АСНОМ, а со создавањето на првата дивизија во Македонија (41-та дивизија) бил поставен за нејзин командант. Дивизиските единици под негово раководство ги ослободила градовите: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Кичево и други. По ослободувањето на Македонија бил назначен за командант на 48-та дивизија во состав на XV македонски корпус, кој активно учествувал во пробивањето на Сремскиот фронт и кој бил заслужен за ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега, Загреб, па сè до Целје. По војната ги вршел должностите: командант на дивизија, командант на наставен центар, началник на штаб на воено подрачје и други. Се пензионирал како генерал-мајор на тогашната Југословенска народна армија. Прогласен е за народен херој на 29 ноември 1953 година.Починал во Скопје на 1 април 1984г.
* 23 јули 1942.- во 21 часот и 10 минути, на гарнизонското стрелиште во Софиjа беа стрелани двајца видни синови на нашата таковина Македониjа – Никола Вапцаров и Антон Попов, кои се меѓу основачите на Македонскиот литератерен кружок – Софија, создаден во 1938 година, чија наjсвета мечта беше да ја видат својата таковина Македониjа слободна и независна, и изгореа во борбата за остварувањето на оваа мечта. Никола Јонков Вапцаров, бугарски и македонски поет, есеист, новинар и револуционер. Еден е од основоположниците на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938-1941). Во 1940 година ја издаде својата единствена стихозбирка „Моторни песни“. Роден е во Банско, на 7 декември 1909 година. Истиот ден беа стрелани Антон Попов-Дончо, бугарски и македонски револуционер, писател и публицист, и Атанас Романов, македонски патриот.
* 23 јули 1962.- Првпат во историјата е остварен директен телевизиски пренос преку Атлантикот. Преносот е извршен со помош на телекомуникациониот сателит „Телстар“.
* 23 јули 1992.- Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.
*23 јули 1993.- Во Охрид умре Петар Калајџиски, еден од истакнатите претставници на македонското копаничарство, член на ДЛУМ. Роден е во 1914 година.
*23 јули 1993.- Република Македонија стана 138 членка на Светската организација за интелектуална сопственост.
* 23 јули 2012 година на струмичкиот рид го зафати голем пожар истиот можеше да се прошири и во Градот Струмица .Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе противпожзрни единици и граѓани .Ганејќи го пожарот истиот проголта и 4 животи :Пено Стојанов,Блажо Стојков,Мите Ѓерѓиев и Војо Гркљанов.