*23 септември 1984.- Во Струга почина Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички 24 септември 1922г. Во скопје се одржало натпреварување во борење од цела Македонија ,а собраниот приход бил наменет за сиромасите.Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден е во Струга, на 5 септември 1919 година.

*23 септември 1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше последната востаничка битка (Пелистерска битка) во Битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинаа 48 востаници.
* 23 септември 1904 година кај с. Слатина Кичевско загинал Ѓурчин Наумов – Пљакот.Роден е во с. Сланско, село во близина на Македонски Брод, во 1851 година. Еден од најстарите дејци во Револуционерната организација и борец против беговско-османското ропство. Во март 1901 година, заедно со Јордан Пиперката е вклучен во четата на војводата Никола Петров Русински, а потоа и во четата на Веле Марков. На 23 јули 1902 година (нов стил) учествува во борбата кај селото Ракитница во која загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа. На 30 јуни 1902 година Окружниот комитет во Битола го назначи за крушевски војвода. За време на Илинденското востание, при ослободувањето на Крушево, Ѓурчин Наумов како стар и искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата. Храбро загинал во борба со многуброен турски аскер на 23 септември 1904 година кај с. Слатина, Кичевско.
| *23 септември 1914 | Роден е Јован Трифуноски — македонски антрополг. |
*23 септември 1923.- Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија е кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието беше резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставуваше отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот народ во Пиринска Македонија.
*23 септември 1928 г. роден е Томе Арсовски –македонски поет
*23 септември 1957.- Грција го отфрли барањето на Букурешт Романија да се приклучи на Балканскиот сојуз, во кој со договорите склучени во 1953 во Анкара и во 1954 година на Блед влегоа Југославија, Грција и Турција
| *23 | Септември 2011 г.Пијанистот Симон Трпчески е прогласен за прв „Национален уметник на Македонија“. |
*23 септември2013.- Почина Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“. Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест 1997.