* 24 октомври1857.- Во , Англија, формиран е првиот фудбалски клуб во светот„ШЕФЛИД“.

* 24 октомври 1909 роден е Никола Јонков Вапцаров (Банско, Пиринскиот дел на Македонија,е македонски поет и револуционер. Релативно млад започнува да се пројавува како литерат. Во 1938 година, заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) во Софија го основаат Македонскиот литературен кружок.Почина на 23 јули 1942г
* 24 октомври 1912.- Со победата на Првата српска армија под команда на Александар Караѓорѓевиќ над турската Вардарска армија Зеки-паша, заврши дводневната Кумановска битка, клучна во Првата балканска војна.
* 24 октомври 1920.- Во Охрид е роден Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Умре на 30 март 1995 година.
*24 октомври 1932.- Во Скопје е роден Воислав (Војче) Синадиновски, македонски спортист, ракометар, гимнастичар, кошаркар, еден од пионерите на современата одбојка во Македонија. Умре во Скопје, во 2000 година. упа „Денес“. Работеше пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Умре на 30 март 1995 година.
*24 октомври 1945.- Стапи во сила Повелбата на Организацијата на Обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се слави како Ден на Организацијата на Обединетите нации. Република Македонија е примена за рамноправен член на Организацијата на Обединетите нации на 8 април 1993 година.
* 24 октомври 1992.- Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
* 24 октомври 2005 умре афроамериканската Роза Паркс, прва црнкиња која во 1955 година се осуди да ги прекрши тогашните расни закони на југот од САД, во сојузната држава Алабама, одбивајќи на белец да му отстапи место во автобус. Тоа доведе до основање на движењето за црнечки права во Америка.