дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-25 СЕПТЕМВРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-25 СЕПТЕМВРИ

0

* 25 септември 1976 во Скопје починал Никола Бадев ,  македонски пејач на народни песни, како и собирач на народни песни, роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Во младоста, Бадев многу го сакал спортот особено фудбалот, а играл и во фудбалскиот клуб „Југославија како десно крило.Воениот рок го служел во војската на Кралството Југославија, а во септември1944 година се приклучил во НОВ, како борец-болничар во Втората македонска ударна бригада.Во 1948 година, Бадев го освоил првото место на Фолклорниот фестивал во Скопје, оставајќи голем впечаток кај етномузикологот Васил Хаџиманов по чија препорака во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист на тамбура. Во текот на кариерата Бадев многупати ја обиколувал Македонија, а одржал и бројни концерти ширум светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал стотина плочи, неколку пати ја обиколил земјата и светот. За потребите на Радио Скопје, Бадев снимил над 500 песни, меѓу кои најпознати се: „Збогум, мајко, јас отидов“, „Ој, Јано, Јано“, „Параходот ми пристигна“, „Тешка беше нашата разделба“, „Билјана платно белеше“, „До три ми пушки пукнаа“, „Ферман дојде џанам од Стамбола“ итн.

* 25 септември 1689г. Австриските војски го зазеле Скопје и неговата околина ,по што го запалиле Скопје ,наводно поради епидемија од колера.

* 25 септември 1825.- Меѓу Дарлингтон и Стоктон, во Велика Британија, е пуштена во сообраќај првата железничка линија за јавен сообраќај. Овој ден се смета за почеток на историјата на железниците не само во Верлика Британија туку и во светот

* 25 септември 1903.- На врвовите Гандач и Гола Чука, на Пајак Планина, четите на македонските војводи Апостол Пeтков и И. Карасулијата водеа жестока борба против турската војска, нанесувајќи и загуби од 180 загинати, а тие самите дадоа само една жртва.

* 25 септември 1943.- Во Тирана умре Нико Нестор, еден од најголемите раководители и борец на народноослободителното движење во Струга и Струшко.


* 25 септември 1946.- Во Скопје е основано Работничко културно-уметничкото друштво “Кочо Рацин”. Друштвото го формира Месниот синдикален совет на Скопје, со цел да ги обедини работниците и службениците заради развивање на културно-просветната дејност.

 * 25 септември 1960.- Во Охрид почна снимањето на „Мирно лето“, прв долгометражен филм во режија на македонски автор, режисерот Димитрие Османли, а во продукција на „Вардар филм“. „Мирно лето“ истовремено е и првата и долго време единствена филмска комедија во Македонија

* 25 септември 1998.- Во Скопје умре д-р Ангел Симов, редовен професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје и еден од основачите на овој Факултет. Роден е во 1934 година.

* 25 септември 1999.- Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на дневниот весник „Скок“..

* 25 септември 2000.- Во Скопје, првпат од отворањето на Центарот за трансплантација при Клиниката за хематологија, се изведени првите две пресадувања на коскена срцевина во Република Македонија.

* 25 септември 2006г.почина Петре Мито Андреевски ,роден на 25 јуни 1934г. во Слоештица, Демирхисарско,— македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. На 9 октомври 2007, Претседателот на Република Македонија – Бранко Црвенковски, постхумно му доделил Орден за заслуги за Македонија, за исклучителниот придонес во развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и националната самобитност..

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version