дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -26 Декември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -26 Декември

0

-26 декември 1921г. избувнал голем пожар во црквата Св. Спас во Скопје .

КАРАДИЦА

-26 декември 1942.  Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци : Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.

*26 декември1943 Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.

*26 декември 1945 Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа



*26 декември 1996.- Во селото Малкоец, Кичевско, умре Сајко Митревски, најстариот (дотогаш) Македонец (110 години). Роден бил во селото Малкоец, на 16 февруари 1886 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version