дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-26 МАЈ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-26 МАЈ

0

*26 мај, 1903 година – Детален извештај во весникот “Њујорк Тајмс” за смртта на Делчев познатиот македонски војвода. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и војводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство во селото Турците разбрале од грчки шпион.

*26 мај 1905.- Во Велес е роден Стеван Гајдов, македонски композитор и музички педагог, еден од организаторите на музичкиот живот во Македонија по 1945 година. Заслужен е за ширењето на хорскиот аматеризам. Како композитор е познат по обработката и стилизацијата на народните песни ( “Леле Јано”, “Гора и јунак”, ” Ти синче”, “Петлите пеат” и други) по творбите “Гудачки квартет во це-мол”, “Кончертино” и други. Автор е на петнаесетина учебници за средно образование. Умре во Охрид, на 17 јуни 1992 година

*26 мај 1986.- Во Скопје умре Јордан Грабуловски, академски скулптор, еден од најистакнатите македонски уметници, познат по своите дела не само во земјата туку и во странство. Неговите уметнички реализации, проткаени со мотиви од социјална тематика, тематиката од НОВ и тематиката од повоената изградба, се траен белег и потврда на неговиот творечки потенцијал. Од своите многубројни дела, својата грандиозност, убавина и посетеност, посебно место зазема Споменикот посветен на Народноослободителната борба и Илинденското востание во Крушево, свечено откриен на 2 август 1974 година. Роден е во Прилеп, на 19 март 1925 година

*26 мај 1994.- Весникот на албански јазик “Флака е влазеримит” почна да излегува како дневен весник.

*26 мај 2011.- Почина пензионираниот актер на Драмскиот театар во Скопје, Самоил Дуковски. Дуковски е роден во 1929 година во Галичник. Завршил Средна државна театарска школа во 1950 година, а со професионална актерска дејност се занимава од 1955 година. Првите неколку години од својата кариера ги помина на сцената на Македонскиот народен театар, а позначајни улоги оствари во делата на Молиер, Иљоски, Ретиген и други. Во Драмскиот театар настапува од 1959 година. Дуковски интензивно играше на сите три сцени и во својата актерска кариера одигра над 85 улоги.  Тој се занимаваше и со пишување драмски текстови, а некои од нив беа изведени на театарските сцени. Добитник е на повеќе признанија меѓу кои Медал за заслуги за народ во 1947 година, Плакета на Gрад Скопје во 1969 година и Плакета на Сојузот на синдикатите на општинските дејности во 1975 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version