дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 27 Ноември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 27 Ноември

0

* 27 ноември 1912 година.Се обавил првиот лет со воен авион од скопски аеродром  Тоа бил руски авион донесен во делови со воз од Москва и монтиран во Скопје. Со авионот допатувал и пилотот Агафонов. Дента кога полетал авионот 1912 година (27 ноември), се собрале многу скопјани на месноста Јурија, а се одржала и пригодна свеченост. Утредента, Агафонов приредил вистински спектакл, надлетувајќи го Скопје на височина од 1.200 м!

* 27 ноември 1897г.во Виничката афера во затворите во Скопје затворени се 528 лица,од кои 208 измачувани ,многу девојки и жени обесчестени и убиени  и 10 приврзаници на ВМРО  убиени.

* 27 ноември 1901 ,роден е Емануел (Емануил, Мане) Чучков воШтип, -,почина  на 1 септември 1967 во Скопје. Бил македонски политичар тој е и првиот штипски доктор по географски науки. Член на групата интелектуалци кои го сочинуваат Акциониот народноослободителен комитет (АНОК). Во април 1944 година станува член на проширениот состав на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.

* 27 ноември 1919.- (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. За македонците ова е првото раселување на нашите луѓе од егејска Македонија, договорот помеѓу Бугарија и Грција за етничко расчистување на егејска Македонија. Нејскиот договор, кој од една страна става печат на Букурешкиот договор, а од друга страна, заедно со договорот од Лозана (помеѓу Грција и Турција) ја менуваат етнографската мапа на цела северна Грција, е еден од најтажните договори за Македонците во минатиот век.„86.571 наши луѓе од егејска Македонија биле присилно раселени и пратени за Бугарија.  Бугарија, пак за возврат, присилно раселила илјадници Грци кои до тогаш го населувале целиот црноморски брег, но и дел од словенските, но патријаршиски фамилии кои живееле во градовите по јужната граница на Бугарија (Пловдив, Неврокоп, Мелник,..). Само 197 семејства од егејска Македонија доброволно се иселиле од егејска Македонија во Грција, другите сите биле присилно истерани и протерани.

* 27 ноември 1934г.изработен е генерален план за трасирање на каналската мрежа во Скопско поле.

* 27 ноември 1934г.изработен е генерален план за трасирање на каналската мрежа во Скопско поле.

* 27 ноември 1944.- Во селото Горобинци, Светиниколско, е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Спас“.

* 27 ноември 1946.- Солунскиот партиски весник “Лаки Фони” објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.

* 27 ноември 1993.- Во Крањ, во Словенија, во Основното училиште „Франце Прешерн“ почна наставата на македонски јазик за македонски деца од предучилишна до средношколска возраст, државјани на Република Словенија.

* 27 ноември 1995.- Во Женева, на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија е примен за рамноправен член на оваа асоцијација.

* 27 ноември 1996.- Во Скопје умре проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1918 година.

* 27 ноември 1997.- Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.

* 27 ноември 2011.- Умре професор Олга Тројачанец, една од доајените на македонската германистика. Олга Тројачанец е првата Македонка која е одликувана со Орден за заслуги од претседателот на Германија. Орденот го доби во 2008 година, за нејзините долгогодишни заслуги во ширењето на германскиот јазик во Македонија. Проф. Тројачанец во 1957 беше меѓу 12-те студенти од првата генерација на Катедрата за германски јазик и литература при Скопскиот универзитет, а подоцна, по студиските престои во Германија, во 1976 година беше соосновач на Македонското здружение на наставници по германски јазик и го иницираше основањето на Гете институтот во Скопје. Од 1986 до пензионирањето во 2002 година беше професорка и директорка на Центарот за странски јазици и предавач на Филолошкиот факултет, а од 2002 и косопственик на училиштето за јазици Лингвалинк.

*27 ноември  2018 во Англија, во местото Кентбери, по кратко боледување, на 66 годишна возраст почина познатиот македонски драмски писател Горан Стефановски.Стефановски живееше во Велика Британија, во близина на Лондон, од каде што вечерва стигна веста за неговата прерана смрт.Горан Стефановски е роден во Битола, на 27 април 1952 година,  и е еден од наплодните драмски писател од современата македонска книжевност.Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“.Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година .Член е на Македонскиот ПЕН центар.Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми „Јане Задрогаз“, „ Диво месо “, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“.Автор е на телевизиските драми „Клинч“, „Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите „Тумба, тумба дивина“, „Бушавата азбука“.Добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стеријина награда“, „Војдан Чернодрински“.Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version