дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 ЈУЛИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 ЈУЛИ

0

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-28 ЈУЛИ

* 28 јули 1978г. за прв пат е организиран „Илинденски Коњички  Марш“од Г.Лисиче до Крушево. Првиот коњички марш го извеле тројца Горно Лисичани: Гоце Стефковски,Борче Стефковски и Борис Змејковски.Кога пристигнале во Крушево никој ни ги пречекал ,ниту пак се знаело кои се од каде се ,зошто го направиле овој марш,кој ги потикнал итн. По полагањто цвеќе и изразената почит на Илинденците коњаниците заминале во близина на Крушевското езеро ,со цел таму да се задржат извесно време. Се сместиле ,но набргу дошла полицијата и барала да го напуштат местото ,затоашто тука било забрането одгледување-чување коњи. Непријатната ситуација ја спасил потомокот на Кареви, Владо Каревски кој на  коњаниците им ја остапил неговата нива извикувајќи при тоа „Ова е мој приватен имот , од тука никој не смее да ве избрка“, по што полицијата си заминала.По враќањето во Скопје групата три дена била притворена и испитувана во полициската станица „Беко“со цел да се испита целта на маршот ,кој го организирал ,има ли надворешни влијанија насочени против тогашното државно уредување и друго.

По завршеното испитување против групата не била поднесена кривична пријава , а по барање на полицијата судот изрекол забрана за одржување на маршот во иднина.Во 1998 година по иницијатива на група граѓани од Горно Лисиче маршот е обновен со тоа што согласно новите законски прописи маршот е регистриран како „Здружение на Грѓани и оттогаш се одржува традиционално секоја година.

*28 јули1963  Според соопштението на Републичкиот штаб за отстранување на општа опасност, до седум часот утрото од под скопските рушевини биле извлечени шестотини деведесет и едно загинато лице. Од нив биле идентификувани пет стотини. Само во општината Идадија до 19 часот вечерта, пронајдени биле стотина лица под рушевините. Од нив само дестина биле живи. 

*28 јули 1904.- На Селечка Планина, во близина на селото Селце, Прилепско, во борба против османлиската војска загина Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден е во Прилеп, во 1880 година.

*28 јули 1913 година (стар ст.) завршило 12-дневното преговарање во Букурешт и потпишувањето на договорот со кој Македонците официјално загубија огромен процент од својата татковина. Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на балканските земји, врз основа на принципот на правото на посилните.

*28 јули 1914.- Почна Првата светска војна. По атентатот (на 23 јули 1914 година) извршен врз војводата Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август на Франција.

*28 јули 1922.- На иницијатива на Трифун Хаџијанев, истакнат македонски револуционер од Егејска Македонија, во неговата куќа во Воден е одржана основачка конференција на која е формирана првата социјалистичка организација за Воден и за Егејска Македонија.

*28 јули 1943 година, во Битола е убиен Стево ХРИСТОВСКИ–Патако, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во Битола на 4 јануари 1921 г.

*28 јули 1945.- Во Скопје излезе првиот број на весникот “Трудбеник”, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно.

*28 јули 1996.- Во Белград умре д-р Ставре Нолчев, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист по пневмофитизиологија. Роден е во Кочани, на 20 април 1949 година.

*28 јули 2016г.во населба Илинден свечено е пуштена улица „8“(поранешна Илинденска или„66“)по извршената комплетна реконструкција ,со атмосфеска канализација и тротоар од една та страна од спојот помеѓу ул 8 и ул 9 кај стопанска банка во Илинден па се  до спојот кај амбулантата Слезенковски во Марино во должина од 2 км.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version