*29 февруари 1912г.склучен договор помеѓу Србија и Бугарија за поделба на Македонија ,Скопје се наоѓало во спорна зона за која решение требало да даде арбитерот –рускиот цар. ,
29 февруари1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија роден е Благој Страчковски. После завршувањето на основно училиште во Велес, почнал да бара работа. Кога пораснал работел разни физички работи. Работел во каменоломот во Превалец, копал лозја, садел тутун, носел малтер и др. Без никаков стекнат рaботен стаж стапил во револуционерното движење. Откако станал член на синдикатот, се вклучил во нивната работа и учествувал во штрајкови и демонстрации против властите. Читајки марксистичка литературa, се повеќе се ангажирал во синдикалното движење. Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на СКОЈ, после одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија По враќањето од Бугарија станал активен борец подредот Димитар Влахов,каде Благоја станал политички комесар.. Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. Таква битка била битката кaj Војничка Пештера кадешто одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врска со одредот, Благој со уште двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Pосоман кавадаречко кадешто биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција Благој и Славе Петков биле фатени и однесени во касарната во Велес. Тука двајцата биле мачени. Благој на поставените прашања за партизаните од страна на бугарските војници возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња. На 11 октомври 1953 година, Благој Страчковски бил прогласен за народен херој.

-29 февруари 2012,завршена со градба радиодифузната кула „Токиско небеско дрво“втора највисока градба во светот,по висина во светот по Бурџ Калифа во Дубаи.