дома РАЗНО На денешен ден На денешен ден – 3 Октомври

На денешен ден – 3 Октомври

0

* 3 октомври Светски ден на пешачењето

* 3 октомври 1921 г. во 13,31 часот Скопје го зафатил јак земјотрес

* 3 октомври 1995 година,беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во о9:50 часот наулицата “Македонија” пред хотелот “Бристол” во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во автомобил “Цитроен ами 8” биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата “Македонија” го забавило едно “Фиќо”.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

*3 октомври 1885 во архивите на весникот График е запишано:

“Постои големо ривалство меѓу Србија и Бугарија, Србија се плаши дека Македонија ќе падне во рацете на Бугарија. Крал Милан спрема 100-илјадна војска а највознемирувачки дел од кризата е големиот ентузијазам кај неговиот народ кој во секој момент може да востане против Македонија. Во тој случај, многубројното население во Грција исто така ќе востане и ќе сака да зграби дел од Македонија“

„Македонија ќе биде независна а Македонците ќе останат Македонци.

Ако Европа го мисли спротивното, таа греши?; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии. Она што го сакаат Македонците тоа е автономија за нивната земја, со интервенција на Европа во нивна корист.

Нема делба, нема припојување кон некоја друга држава;

Македонија е единствена и на Македонците.

Кој може да се противи на создавањето на една автономна Македонија? Грците, да речеме.
Грците имаат големи претензии, тоа е јасно, но војната од 1897 година која тие ја предизвикаа, ја докажа нивната војничка неспособност.

Македонците треба да се признаат и треба да им се помогне да создадат своја автономна држава на Балканот, безбедна и цивилизирана.

Овој народ е надарен народ кој ќе направи големи дела. …”

Routier Gaston, “La Macеdoine et la question macеdonienne”, Paris, 1903 p.50-51

  • *3 Октомври 1903 – Над Цапари месните чети, командувани од војводите Аце Колари и Јанаки Магарештанец воделе жестока борба со многубројна турска војска. Загинале 45 востаници. Бојот кај Цапари претставува последна вооружена борба во реонот Цапари – Ѓавато – Смилево. Востаниците потоа добиле наредба да го соберат оружјето, а Ѓакон Евстатиј добил задача да ги складира пушките.

* 3 октомври 1929.- Називот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е сменет во Кралство на Југославија

* 3 октомври 1943.- Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ, во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба. „Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ.

* 3 октомври1991.- Претседателството на СФРЈ според Уставот почна со работа во услови на непосредна воена опасност, оценувајќи дека е на повидок граѓанска војна. Претставниците на двете републики Хрватска и Словенија излегоа од Претседателството.

* 3 октомври1992.- Умре проф. д-р Миодраг Мицев, истакнат македонски научен работник на полето на невротичните состојби и психоматските заболувања, професор на Медицинскиот факултет и на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Меѓу најзначајните негови трудови се „Психоанализата на театарот“, „Интимно за мажите“,роден е во Белград во 1935г.

* 3 Октомври 2002.- Конституирано било четвртото (третото по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За претседател на Собранието бил избран Никола Поповски.

* 3 октомври 2016г.По кратко и тешко боледување, почина познатата македонска пејачка Љупка Димитровска. Димитровска Калоѓера е родена на 3 октомври 1946 година во Скопје. Беше доајен на забавната музика во поранешна Југославија, а врвот на својата популарност го достигна во 70 и 80-тите години од минатиот век. Првиот албум „Љупка“ го објави во 1975 година, а зад неа се речиси децении музичка сцена во текот на кои отпеа многу хитови, незаборавни песни кои ги напиша нејзиниот веќе покоен сопруг Никица Калоѓера. Љупка Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година кога со „Бај, бај“ го освои шестото место. Повеќе пати пееше на Сплитскиот фестивал, а хитовите „Годините не се важни“, „Јас го сакам, тој мене не“, „Нема веќе љубов“, Ќе се лути мојата мајка“,… се влезени во југословенската антологија.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version