*3 –септември 1921.- Во Куманово е роден Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на Македонија. Во 1941 година учествуваше во собирањето на оружје, разнесување на летоци и на билтенот “Дедо Иван”, што го издаваше градската партиска организација. Исто така, учествуваше во подготовките на Првиот кумановски НОП одред. Беше член на Штабот на Кумановскиот партизански одред. Загина при нападот на бугарската војска во селото Билјача, на 7 февруари 1944 година.

*3- септември 1900г. Во Струга,роден е Ристо Крле, македонски драмски автор, еден од основоположниците на македонската драмска уметност меѓу двете светски војни. Тој бил богато надарен раскажувач, романсиер, врвен класик на македонската драма. Ристо бил еден од првите членови на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).Почина на 29 октомври 1975г.Неговото име денес го носи Општинското основно училиште во Кадино-Илинден.
*3-септември
1901.година, додека патуваше во
Пиринска Македонија, беше киднапирана американската протестантска мисионерка
Мис Елен Стон (заедно со нејзината другарка Катерина Цилка) од четата на Јане
Сандански што броела 40-ина комити. Јане Сандански побарал 25.000 лири откуп за
да ја ослободи американката, што му биле исплатени и со тие пари ВМРО купила
оружје за Илинденското Востание што се кренало после две години.
За овој настан во 1958 година е снимен филм, во
режија на Жика Митровиќ.
*3 септември 1925.- Во селото Габрово, Струмичко, е роден Манол Пандевски, македонски историчар и академик. Во 1987 година објавен му е избор од неговата научна активност во пет тома под наслов „Македонско ослободително дело во 19. и 20. век“. Умре во Скопје, на 21 мај 1998 година.
*3 септемви 1933.- ВО Софија излезе првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција. Од 1 до 11 број уредник беше Димитар П. Евтимов. Весникот ја подржуваше идејата за балканска федерација како единствено решение за мир на Балканот. Од 12-иот број весникот премина во рацете на протогеристите, при што Евтимов ја напушти редакцијата. Излегоа вкупно 52 броја
3 септември 1944.- Повеќе од 300 балисти со невидена бруталност почнаа да се пресметуваат со населението во селото Маврово, Гостиварско. Се што ќе најдеа пред себе убиваа и пљачкосуваа. На крајот го запалија и го уништија до темел целото село. Изгорени беа повеќе од 150 куќи, пљачкосани повеќе илјади крупен и ситен добиток, претепани и убиени многу луѓе, а живи в оган беа фрлени Куне Трпевски, Симун Трифуновски, Евдо Десовски и Мара Штерјовска.
*3 септември 1991.- По седумгодишно мирување повторно проработи Металуршкиот комбинат за никел и антимон “ФЕНИ” кај Кавадарци.
*3 септември 1993.- Во Скопје умре Јован Ивањин, македонски писател. Автор е на книгите поезија “Нијанси”, “Скици на далгите”, “Последна балада” и на романот “Ајазме”. Роден е во Скопје, на 3 април 1932 година.
*3 септември 1997.- Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија влегоа првите цевки од гасоводот за природниот гас, со што започна процесот на гасификација во државата.
*3 септември 1999.- На граничниот премин Генерал Јанковиќ, меѓу Македонија и СР Југославија, почна со работа царинската служба на УНМИК, наплатувајќи ги царинските давачки во германски марки.
*3 септември 2012.- На 86-годишна возраст умре долгогодишната оперска првенка Ана Липша Тофовиќ. Ана Липша Тофовиќ на 4 август 1961 година влезе во историјата со концертот одржан во црквата „Света Софија“, со што беше означено раѓањето на манифестацијата „Охридско лето“.