дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 30 Ноември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 30 Ноември

0

*1894.- Македонскиот револуционер Гоце Делчев (лично од Даме Груев) е примен за член на Македонската револуционерна организација.

* 30 ноенври 1937 г. Во ШТИП, роден е еден од најдобрите југословенски фудбалери на сите времиња ДРАГОСЛАВ ШЕКУЛАРАЦ-ШЕКИ,фудбалер на Црвена Звезда и Југословенската репрезентација.Кратенката „ Шеки “ ја превзеле или средината им ја одредила на стотици и повеќе млади фудбалери (во секое село имало по еден или повеќе фудбалери кои ја носеле таа кратенка „шеки“  )Почина на 81 годишна возраст на 5 јануари 2019година.

 * 30 ноември 1948 година, Пелистер стана национален парк на тој ден  е прогласен за прво заштитено природно богатство во Р. Македонија. Постојат две легенди прврзани со името Пелистер. Едни велат дека името потекнува од зборот „peristeri” што значи гулаб,

* 30 ноември 1971.- Советската автоматска станица „Марс-2“ влезе во орбитата околу Марс и на неговата површина спушти посебна капсула со советско знаме.

* 30 ноември 1998.- Собранието на Република Македонија ја избра новата Влада на Република Македонија на чело со премиерот Љубчо Георгиевски.

* 30 ноември 2000.- Претседателот на Собранието на Република Македонија Саво Климовски поднесе оставка на оваа функција, а за претседател на Собранието на Република Македонија е избран Стојан Андов.

* 30 ноември 2004.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со заради белосивиот камењар, кој кога го гледате од далечина заликува на гулаб. Други пак веруваат дека тоа е од петоигличниот бор – петлистер, моликата, која што ја открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година, па од таму – „Пелистер“.

* 30 ноември 2011 година во Тетово на 46-годишна возраст ненадејно почина спортскиот функционер на Мотоциклистичката федерација на Македонија, Стеве Илиески – Караѓуле.
Илиески беше омилен помеѓу децата со кои работеше како долгогодишен скијачки инструктор и иницијатор на детски натпревари на снежните терени на Попова Шапка. 
Покрај тоа, Караѓуле ќе остане запаметен како еден од главните иницијатори за организација на првиот ендуро натпревар во Македонија, „Ендуро Шар Планина 2009“. Без него неможеше да се замисли поставувањето на патеката Милци и одржувањето на натпреварите од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос и натпреварите во брзински мотоциклизам на мотодромот во Кичево. 
Се истакнуваше со својата неуморност и ведар дух по што остана и запаметен помеѓу другарите и колегите – спортски функционери.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version