дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН-31Август

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-31Август

0

*31 август 1924г.убиен е Тодор Александров ,македонски револуционер, еден од лидерите на ВМРО. Во 1898 г., како ученик станува член на ТМОРО, а потоа бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип.Од 1905 година бил секретар на војвода Мише Развигоров, во 1907 г. на војвода Симеон Георгиев-Кочански, потоа окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, а од 1911 г. и член на ЦК на ВМОРО. По Првата Светска Војна, во 1919 г., заедно со Протогеров и Чаулев, ја обновиле организацијата под името ВМРО.

Фотографија од погребот на Тодор Александров

Дејствувал против политиката на Земјоделската влада на А. Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Во 1924 г. го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили во единствен македонски револуционерен фронт, но пред да биде убиен, под притисок јавно се откажал од својот потпис.

*31 август 1937г. Во Ниже Поле –битолско роден е Васко Ташковски.Завршил средно уметничко училиште во Скопје во 1958 година, а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски прокти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата). Подолго време работел како сценограф во Македонската телевизија (1965-1991), со над 300 реализирани сценографии. Работи и како илустратор на повеќе изданија. Се занимавал со сликарство, сценографија, илустрација и др. Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн.Во својот творечки опус, Васко Ташковски има повеќе циклуси составени од најразлични теми насловениДобитник е на 17 награди и признанија, меѓу кои: „4 јули” во 1977 год., Октомвриска награда (за сликарство) во 1978 год. и др. Застапен е во прегледеи и монографии за историјата на светската уметност, а за неговото творештво се снимени 8 телевизиски филмови во продукција на Радио-телевизија Скопје

*31 август 1944.- Албанските балисти го нападнаа селото Блаце, Тетовско, и во мугрите на слободата уште еднаш ги покажаа своите злодела преку палење, пљачкосување и убивање на невини жители. Со палежот на селото до темели беа изгорени 13 куќи и ѕверски убиени 12 родољуби 

*31 август 1979.- Умре Ѓорѓи Попов Гого, македонски скијачки учител и судија, фотограф. Роден е во Скопје, на 10 февруари 1908 година.

*31 август 1983 Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска ,покрај Сашка погинале и тројца членови на групата „АВОНА“, ВЕЛКО,ЕВДОКИЈА И ПЕТРАНКА.
Петковска имала добиено неколку награди на Скопскиот фестивал и на фестивалите во поранешна Југославија: “Белградска пролет”, “Опатија”, “Вашиот шлагер на сезоната”. Нејзини најпознати песни се „Бакни ме“, „Чао, Адио“, „Грижа“. Таа била и член на познатата група „Македонија“.Во нејзина чест одреден период, детскиот битолски фестивал за деца Си-До доделувал награда со нејзиното име, а додека во 2010 година по повод 27 години од нејзината трагична смрт организиран бил концерт под името „Незаборав“

*31 август 1992.- Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.   

   *31 август 2014.- Во 90-та година од животот, во Скопје почина актерката Вера Вучкова – Жежељ, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ кој на 3 април 1945 ја одиграл својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговори митската реплика „Сонцето! Колку е блиску сонцето!“ Родена на 24 август 1925 во Кнежа, Република Бугарија, Вучкова својата актерска дарба ја искажувала уште на училишните години.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version