дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 4 Ноември

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 4 Ноември

0

 

* 4 ноември1944.-  ОСЛОБОДЕНА Е  БИТОЛА
По капитилацијта на Бугарија, продолжувајќи ја борбата против германските единици што се повлекувале од Грција кон Албанја и Србија, борците на 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, во чии рамки влегувале борците од Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада, уште позасиелно ги напаѓале германските колони и им нанесувале тешки загуби во луѓе и техника. Беа ликвидирани и непријателските упоришта во непосредна близина на Битола односно кај село Крклино и Могила. Од друга страна кон 20 октомври 1944 г. Леринско-костурската бригада, по наредба на Штабот на 49. дивизија на НОВ и ПОМ, ги затворала патните правци Лерин-Битола и Меџитлија-Битола и во реонот на битолските села Породин, Кравари и Бистрица имала повеќе напади врз германските моторизирани колони кои се повлекувале од Грција.

Утрото на 4-ти ноември 1944 година, единиците од 49. дивизија на НОВ и ПО на Македонија, победоносно влегле во Битола каде биле со воодушевување пречекани од граѓаните. Во четиригодишната херојска Националноослободителна и антифашистичка војна на Македонија, граѓаните на Битола и Битолско дадоа значаен придонес, а околу 266 борци ги положија своите животи во нерамноправна борба со бугарските, италијанските и германските окупатори и нивните домашни слуги.

*4 и 5 Ноември 1912 – Предводени од војводата Петар Чаулев, четите на ВМОРО, четите на селската милиција и бројни доброволци од месното население извршиле напад врз Прибилци и Брежани и заробиле 600 турски војници. Следниот ден (5 ноември) воделе нови борби со војската на Џавит-паша, која била присилена да се повлече. Кај местото Буково на патот Ресен – Охрид биле заробени 300 војници.

* 4 ноември 1890.- Во Лондон беше отворена првата линија на подземна електрична железница во светот – метро. Второто метро во светот, а прво на европскиот континент беше будимпештанскиот, отворен во 1896 година

* 4 ноември 1946.- Основана е УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура) заради решавање на проблемите со образованието во земјите погодени во Втората светска војна. Подоцна задачите на УНЕКСО беа проширени, посебно во заштита на културното и историското богатство и размена на научни работници и публикации.

* 4 ноември 2000.- Умре Миле Ангеловски, македонски новинар. Роден е во селото Горна Бошва, Кавадаречко, во 1936 година.

* 4 ноември 2015.- Умре Методија Тошевски, поранешен главен државен ревизор (1999-2005), поранешен министер во Владата на Република Македонија и човек кој ги удри темелите на работењето на Државниот завод за ревизија.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version