дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 ЈАНУАРИ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 5 ЈАНУАРИ

0

* 5 јануари 911.- Во манастирот “Свети Наум”, на брегот на Охридското Езеро, умре Наум Охридски, познат како Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. Наум беше еден од даровитите ученици на браќата Кирил и Методиј и како таков, кога во 893 година неговиот брат Климент беше назначен за словенски епископ во Велика, на неговото учителско место во Кутмичевица беше назначен Наум Охридски. Во Македонија, во Охридската книжевна школа, Наум Охридски успешно ја продолжи целокупната дејност на Климент Охридски, а изгради и манастир во близината на Охрид. Познато е дека се занимаваше со литературна дејност, но неговите текстови се уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на црковнословенски јазик, се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во народната медицина и толерантно ги водел црковните работи. Роден е во првата половина на деветтиот век.

* 5 јануари 1875.- Во Штип е роден Владислав (Славчо) Ковачев, македонски револуционер и публицист. Неговиот богат револуционерен и творечки живот е посветен на македонското дело, на одбраната на изворните принципи на самостојноста на македонското ослободително движење и на афирмацијата на македонскиот национален идентитет. Само неколку часа пред да биде убиен неговиот истомисленик Димо Хаџи Димов, од наемен убиец на Ванчо Михајлов, е убиен во Софија, на 13 септември 1924 година.

* 5 јанусри 1885.- Во Софија излезе првиот број на весникот „Македонски глас“, весник на македонските емигранти. Прв одговорен уредник беше Христо Томов. Весникот се застапуваше за борбата против турската власт во Македоија и за примена на член 23 од Берлинскиот договор, за автономија на Македонија.

* 5 ЈАНУАРИ 1910 година во село Буф, Егејски дел на Македонија, е родена Елена ХАЏИ ВАСИЛЕВА /Хаџиниколова/, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

* 5 јануари 1952.- Во Скопје, во ателјеата на Зајчев Рид, започна снимањето на првиот македонски уметнички филм „Фросина“. Режисер беше Воислав Нановиќ, а снимател Кирил Билбиловски. Во главните улоги играа Мери Бошкова, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Ацо Јовановски и други.

*  јануари 1981.- Почна електрификацијата на железничката пруга Скопје – Гевгелија.а заврши во ноември 1986г.

* 5 јануари 1990.- Во Скопје умре Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во “Нова Македонија”. Роден е во Лазарополе, на 14 ноември 1941 година.

* 5 јануари 1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија.

* 5 Јануари 2019 година починал Драгослав Шекуларац — поранешен југословенски фудбалер. Истакнат играч на Црвена звезда од Белград. Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по Рајко Митиќ. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во везен ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзни најдобар поединец. Одиграл 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекинал.

Најдобар играч на нашите простори на сите времиња.

Роден е во Штип на 8 ноември 1937 година

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version