*7 октомври 1910г. по извршените насилства на турските потери претходните денови во околните села во Бујковци Ајватовци,Бунарџик,на денеше ден во месноста„ СОКОЛИЦА “ (денес индустриска зона Скопје-2)од турска потера биле убиени и Митре Роглев,Томе Бушев и Цветан Пурчев од с. Белимбегово.

*7 до 9 октомври 1946.- Во Софија почна траурната церемонија – пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија.На истиот ден извршено е За моштите на Гоце Делчев се знае дека од 1917 година од селото Баница се преместени во Софија каде се чувале се до втората светска војна кога се преместени во Македонија. Моштите пристигнале во Скопје на 10-ти Октомври 1946 година и на празникот 11-ти Октомври биле свечено положени во камениот ковчег.и примопредавањето на посмртните останки на Гоце Делчев,најпрво тие биле изложени во Ново Село , потоа пред преплони улици низ Струмица донесени во центарот на Штип. За моштите на Гоце Делчев се знае дека од 1917 година од селото Баница се преместени во Софија каде се чувале се до втората светска војна кога се преместени во Македонија. Моштите пристигнале во Скопје на 10-ти Октомври 1946 година и на празникот 11-ти Октомври биле свечено положени во камениот ковчег. Додека саркофагот со останките на Гоце влегувал во Скопје во Скопје врнел силен дожд ,но тоа не ги поколебало скопјани масовно да излезат и да ги пречекат саркофагот со останките на Гоце Делчев.
*7 октомври 1904.- Умре Димитар Цанко, тој е македонски просветен деец од XIX век во Корчанско. По завршувањето на образованието, работи како учител во родното место се` до својата смрт. Меѓу населението бил познат како „Даскало“. Познавал повеќе јазици меѓу кои: својот македонски, старогрчкиот, новогрчкиот, албанскиот, романскиот и по малку францускиот јазик. Иако пишувал на грчки јазик или преведувал со грчко писмо, заради неговата преведувачка дејност, посебно на евангелието, како и борбата против елинизмот, дејноста на „Даскалот“ ја споредуваат со преродбенската активност на Димитар Миладинов.македонски преродбеник. Тој има најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден е во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година.
*7 октомври 1910.- Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се “Изгрев”, “Епопејата на Ножот”, “Последната средба”, “Арамиско гнездо”, “Пустина” и други. Умре во Куманово, на 2 август 1963 година.
*7 октомври 1913.- Во Прилеп е роден Илија Николовски – Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учеше во Белград и во Софија, а дипломира на Педагошката академија во Скопје. Умре во Скопје, на 22 октомври 1973 година.
*7 октомври 1944 г . Кај селото Смојмирово,во борба против германците загинал Ацо Караманов ,македонски поет и борец во НОВна Македонија .Роден бил во Радовиш на 31 јануари 1927г.
*7 октомври 1985.- Во Скопје умре проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден е во Дојран, на 21 септември 1927 година
*7 октомври 1991.- Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции.
*7 октомври 1993.- Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.
*7 октомври 1995.- Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година..
*7 октомври 2016 година, Скопје почина СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА.Таа е основоположник на современата статистика во суверена и самостојна Македонија и прв директор на Државниот завод за статистика по осамостојувањето на земјата.