дома РАЗНО На денешен ден НА ДЕНЕШЕН ДЕН -15 МАРТ

НА ДЕНЕШЕН ДЕН -15 МАРТ

0

– Денеска е Светски ден за заштита на потрошувачите

-15 март 1903г.Војводата Тома Давидов од с.Оздолени (Охридско) Голем водач, психолог, тој ја разбираше човечката душа, влегуваше во маките на населението и земаше мерки, така што четите да не му се во голема тежина. Беше издал наредба, кога ќе требаше да се престојува во некое село, да не се порачува ништо да се готви за јадење, а четниците да бидат задоволни од она јадење што им донесат селаните. Сам Давидов, кога одеше во некое село, никогаш не дозволуваше да му се постилаа, а спиеше само на својот шинел.

“Не сум од Македонија, но за нејзината слободата сум подготвен секој момент да си го дадам живот. Ќе одам таму, меѓу братскиот народ да умрам, а не тука да ја трујам душата своја за Македонија”Црвено-црниот

 -15 март 1915.- Во Скопје е роден Венко Марковски, поет, драмски автор, еден од основоположниците на современата македонска литература. Автор е на првите поетски книги на македонски јазик „Народни бигори“и „Огинот“, објавени во 1938 година. Други негови дела се „Дуња“, „Чудна е Македонија“, „Орлите на Македонија“, „Климе“ и други. Умре во Софија, на 7 јануари 1987 година.

-15 март 1930.- Во Косово Поле е роден Тома Шијаковиќ, македонски ликовен уметник. Умре во Скопје, на 29 декември 1998 година

-15 март 1935.– Во Кронцелево, Егејска Македонија се родил Ташко Георгиевски, македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист. Главна тема кај Георгиевски се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувања. Членувал во МАНУ од 1983 година. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија  и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Носител е на голем број државни награди и признанија

.-15 март 1974.- Во Скопје умре Глигор Смокварски, македонски композитор, кларинетист и музиколог. Тој е првиот кларинетист на Скопската опера и на Македонската филхармонија. Во неговото творештво доминираат фолклорните теми. Автор е на првиот македонски балет “Македонска повест”. Роден е во селото Будинарци, Беровско, на 8 мај 1914 година.

-15 март 1993.- ПТТ “Македонија”, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.

-15 март 2000.- Во Скопје умре Живко Јаневски, уредник на фотографија во „Нова Македонија“, голем мајстор на фотографијта. Роден е во селото Градско, Велешко, на 1 август 1940 година.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version