Снежана Ристовска е родена 26.05.1962 година во Скопје.
Основно училиште заврши воОУ „Гоце Делчев“ Илинден и своето детство и младост ги поминува во н.Илинден.
Се сеќава со многу емоции и пријатни моменти од детството поминато во училиштето. Првата незаборавна учителка и идол и беше учителката Буда, а одделенски раководител наставник по музичко Елена Калановска.
Таму ја започна својата креативна фаза и љубов кон уметноста и фолклорот. Таа е припадник на првата фолклорна група од прво одделение, формирана од учителката Анче, а потоа продолжи во КУД „ Илинден “од населба Илинден.
Во годините на својата младост Снежана Ристовска, се вгради во општествениот живот на Месната Заедница „Илинден“ и како Претседател на младинската организација, даде особен придонес во културно –забавниот живот на младите.
Средното училиште за медицински сестри го помина со висок успех. Нејзините аспирации кон образованието ги продолжи со студирање и дипломирање на Филозовскиот факултет, на катедрата за Психологија.

Но, желбата за надоградување не престана и помина
четиригодишна
постидплмска специјализација за психотерапевт во Гешталт Центар Београд.
Магистрираше клиничка психологија.
Се здоби со Европски Сертификат за Гешталт
психотерапија и е член на Комората на психолози на РМ од 2009 г.
Денес, Снежана Андреева е психотерапевт, тренер, супервизор и едукатор при ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ-Скопје, кој од 2010 година е акредитиран од Европската Асоцијација за Гешталт психотерапија и едуцира професионалци за работа со лица од сите возрасти кои се соочуваат со психички и емотивни проблеми, пречки и предизвиците на секојдневното живеење.
Снежана е чест гостин и учесник во многу ТВ
дебати со теми поврзани со областа на психологијата.
Исто така работи на многу проекти кои се поврзани
со едукација, превенција и унапредување на психосоцијалното здравје на луѓето.
Покрај погоре наведените нејзини одлики кои ги стекнала низ
системот на образование, Снежана во себе ја има вградено хуманата одлика, која
пред се ја стекнала од нејзиното семејство, од родителите Живка и Димитар
Ристовски –Мице.
Мице,беше еден од првите занаетчии, во тогаш слабо
развиеното „мало стопанство“како што го нарекуваа тогаш приватниот сектор,а
неговите производи(столарија) се вградени речиси во сите ново изградени куќи во
Илинден и околните села, помагаше не само на жителите од населбата туку и
пошироко во нашата средина.