дома РАЗНО Успешни во професијата, дејноста ГОЛЕМ УСПЕХ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД СОСУ „ИЛИНДЕН“

ГОЛЕМ УСПЕХ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД СОСУ „ИЛИНДЕН“

0

На 55-от Државен натпревар на млади истражувачи, што се одржа во Средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово,  од нашето СОСУ „Илинден“  учествуваа петмина млади истражувачи, а тројца од нив  се закитија со медали.

Во натпреварувањето  учествуваа 144 средношколци од целата држава, учениците  Благоја Велковски и Тоше Колевски освоија сребрени, а ученикот Андреј Илиевски бронзен медал.

Благоја Велковски наградата ја доби во областа Обновливи извори на енергија за проектот „Автоматизиран уред за следење на сонцето“, под менторство на професорот Игор Атанасов.

 Тоше Колевски со својот проект „Програмабилно училишно ѕвонче“, под менторство на професорот Кирил Крстевски, се закити со сребрен медал во областа Електротехника и електроника.

  Андреј Илиевски со својот проект „Уред за одредување далечина на објекти со ултрасоничен сензор“, под менторство на професорот Игор Атанасов, го освои 3-то место во областа Автоматика и роботика.

На натпреварот учествуваа и успешно го претставија училиштето и учениците Ангел Павлески со проектот „Сонцето – обновлив извор на енергија“ под менторство на професор Јулијана Атанасовска и Наум Нунев со проектот „Водата – обновлив извор на енергија“, под менторство на професор Јулијана Атанасовска.

Научно – истражувачките проекти изработени од натпреварувачите за секоја од областите ги оценуваше посебна тричлена жири-комисија во состав од универзитетски професори.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version