ЗЛАТНОТО ДЕВОЈЧЕ ОД ИЛИНДЕН
Ева Соколовска ќерка на нашите сограѓани Јасмина и Горан Соколовска,кои се на престој и работа во Германија.
Ева на републичкиот натпревар во Германија го освои првото место во ритмичка гимнастика.
На овој натпревар Ева настапи во четири дисциплини :чуневи,хулахоп,соло,и со топка и во сите дисциплини по освои најдобриот резулатат.
Таа до сега настапила на 11 натпреварувања и на сите го освоила првото место, а на овој натпревар Ева беше со предност од три поени пред натпреварувачката што го освои второто место.
Таа тренира и за репрезентација, што значи дека два пати месечно оди на контрола за проверка на капацитет, кондиција и се што е потребно за активен спортист кого го подготвуваат за Олимпијада. Во наредниов период на Ева и претстојат уште неколку турнири во Холандија и Турција.
Дека на Ева и претстои светла иднина во ритмичка гимнастика покажува и фактот дека со неа тренираат три тренерки,кои во својата кариера постигнале светски резултати.