Гордан Миленковски-Ракометар на РК„Илинден –населба Илинден,прогласен е за најдобар стрелец, на ракометниот турнир„Вардар ,еден живот,една љубов“
Роден е на 23 јули 2001г.основно училиште заврши во ООУ„Гоце Делчев“-населба Илинден ,сега ученик во СУГС Панче Арсовски-Скопје.Гордан уште од најмала возраст ја изрази својата склоност кон спортот ,особено кон ракометот.За негова среќа тоа го забележала и неговата Професорка по физичко воспитување Лила Петрушевска ,уште повеќе го мотивирала и вклопила во училишниот тим за разни натпреварувања во општински и меѓуопштинските спортски игри.
На 10 годишна возраст започна да тренира ракомет во РК „Илинден“каде поинтезивно започна да ги изучува ракометните вештини под водство на сегашните негови тренери Александра и Дарко Јаневи.Голема заслуга за неговиот ракометен од имаа и тренерите Александра Кузмановска и Ана Петрушевска за што им е благодарен.
Настапувал и за училишниот тим на ООУ„Гоце Делчев“каде под водство на Професорот по физичко воспитување Благоја Митровски, го освоива првото место на првенството на Град Скопје и трето место на државното првенство.
Во 2016гг.на турнирот „Вардар ,еден живот ,една љубов“ „ екипата на РК„Илинден го свои сребрениот медал,по втор пат. РК Илинден е предводен од поранешни и сегашни ракометни имиња, кои се обидуваат љубовта кон ракометот да ја пренасочат на голем број на деца кои се дел од нивната школа. Двоецот Дарко и Александра Јанев создаваат екипи кои секоја година се на врвот, како на споменатиот турнир, така и во “Јуниор“ лигата.
На турнирот “Вардар,еден живот, една љубов″ во 2016г.играчот на РК„Илинден“,Гордан Миленковски беше најдобар стрелец со постигнати 27 голови.
Тој и очекуваше да биде прогласен за најдобар стрелец, бидејќи на турнирот даде се од себе и одигра најдобро што можеше. Благодарен е на негоите соиграчи кои му помогнаа во тоа и на моите тренери кои го мотивираа.
Населба Илинден на Гордан му посакува успешна спортска кариера!
