дома СПОРТ Млади спортисти Гордијан Христовси-фудбал

Гордијан Христовси-фудбал

0
Гордијан Христовски –Фудбалер
Роден на 21 април 2003 година во Скопје ,живее во Кадино-Илинден .Гордијан потекнува од една од најспортските (најфудбалските)фамилии од нашата средина ,од која произлегле многу прволигашки фудбалери и македонски фудбалски и ракометни репрезентативци.
Уште од најмала возраст потикнат од повозрасните фудбалери од неговата поширока фамилија и тој пројави интерес кон спортот ,поточно кон фудбалот.
Во 2009 година стана член на ФК „Металург“-Скопје ,каде остана до 2016година .
Денес фудбалските вештини ги изучува во Академијата на ФФМ,генерација -2003,тој е единствен што од сите населени места од нашата општина што во последниве 2-3 години стана член на Академијата.
Настапува на позицијата последен везни стопер за репрезентацијата на Македонија ,генерација -2003
Како надежен фудбалер Гордијан е стипендист за талантирани спортисти-Спортска надеж,на Агенцијата за млади и спорт на Македонија.
Населба Илинден на Гордијан му посакува успешна фудбалска кариера!

 

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version