УСПЕХ НА НАШИ МЛАДИ СПОРТИСТИ
Ивана Блажевска родена е на 03.07.2001г.
Ученичка во ДУФК “МЕТОДИ МИТЕВСКИ-БРИЦО” – Скопје.

Од најмала возраст ракометот е нејзина најголема спортска љубов и активно се занимава со ракометот од нејзина 11 годишна возраст. Своите почетоци ги бележи во РК МЕТАЛУРГ, потоа во РК ИЛИНДЕН, па преку ракометната академија влегува во составот на пионерската, кадетската и младинската селекција на РК ВАРДАР.
Од 2018 станува член на РК КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН под водство на Александра Кузмановска . За прв пат оваа година РК КУЗМАН ВАРДАР учествува покрај кадетската и младинска лига пријави состав и во женската супер лига.
Инаку Ивана настапува на позиција десен бек и е лидер во листата на стрелци со постигнати 101 гол по изминати 11 кола од женската супер лига. Конкуренцијата тешко се одржува со брзо и квалитетно крило како Анастасија Николовска но желбата и мотивацијата и помагаат да се одржи на врвот во изминатите одиграни кола.