На 13. Мај во спортската сала Гоце Делчев, се оддржа вториот по ред традиционален турнир „Илинден Опен“-2017. На турнирот земаа учество 10 домашни клубови со 180 натпреварувачи.Покрај другите на истиот турнир учествуваа и Anastasov Taekwondo Academy и Таеквондо клубот Илинден-Илинден.
И двете наши екипи постигнаа одлични резултати и тоа: Anastasov Taekwondo Academy
Освои 5 златни ,6 сребрени и 2 бронзани и
Таеквондо клубот Илинден освоени 8 златни 10 сребрени и 12 бронзени медали.
Меѓу тие што освоиjа златни медали се најде и младата таеквондо спортистка Мартина Гоговска член на Таеквондо клубот Илинден-Илинден.
Мартина под водство на својот тренер Викторија Спасовска, досега постигна одлични резултати на домашни и меѓународни настапи.
Со своите квалитети Мартина го сврте вниманието на Таеквондо спортските стручњаци и беше повикана да тренира со македонските репрезентативци , наскоро се очекува да стане државна репрезентативка во нејзина категорија .
Населба Илинден на Мартина и посакува успешна спортска кариера.
