дома СПОРТ Млади спортисти Петар Ѓорѓиевски-фудбал

Петар Ѓорѓиевски-фудбал

0

ПЕТАР ПЕПЕ ЃОРЃИЕВСКИ –ФУДБАЛЕР
Роден е на 4 април 2002г.во Скопје ,жител на Населба Илинден ,уште од најмала возраст на 4-5 годишна возраст започна да игра фудбал,во пионерската екипа на ФК „Илинден“.Можеби неговото место на живеење, неговата куќа непосредно се наоѓа до игралиштето на ФК „ИЛИНДЕН“,имаше влијание за неговата наклоност кон фудбалот.Во ФК „Илинден„остана 3-4 години ,а потоа премина во ФК „Маџари“и веќе две години е во тој клуб.Со неговиот талент и упорност силно граби во совладување на фудбалските тајни и вештини .Неговиот талент навестува за некоја година да го гледаме во некои од сениорските икипи на некои од скопските фудбалски клубови.Игра на бековска позиција или на некја друга позиција во одбраната.
Неодамна на 18 и 19 јуни оваа година се одржа традиционалниот меѓународен турнир во фудсал во Дижон –Франција .
На истиот учествуваа икипи од Турција Хрватска и други.Петар настапи за екипата на Маџари-Скопје ,која го освои 4 –тото место на турнирот.
Тренерот на Петар ,Сашо Рајатоски е многу задоволен од игрите на Петар и како што вели, Пеце е еден од позабележителни млади фудбалери од генерацијата 2000 и не случајно беше одбран да настапува на турнирот во Франција.
Инаку Петар на овој турнир постигна 4 гола .
Населба Илинден на Петар му посакува успешна фудбалска кариера !

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version