дома СПОРТ Млади спортисти Тино Спасиќ-ФУДБАЛ

Тино Спасиќ-ФУДБАЛ

0

ТИНО СПАСИЌ-ФУДБАЛЕР
Роден е во 2005г. во Скопје ,живее во Мршевци –Илинден,ученик е во ООУ „Браќа Миладиновци“-Миладиновци .
Тино е еден од носителите на играта во пионерската екипа на Вардар,игра на позицијата централен дефанзивец.
Големата љубов кон фудбалот Тино ја попримил уште многу мал,а тоа пред се должи на неговиот татко Ненад Спасиќ,кој бил поранешен фудбалер настапувал во повеќе клубови како ФК Мршевци,ФК Скопје и извесн период во Вардар.
Првите фудбалски чекори Тино ги направи во ФК Мршевци,каде тренер бил неговиот таткоНенад Спасиќ,тренирајќи со повозраните ,затоашто немало доволно деца за посебни тренинзи.
Потоа замина ФК Скопје а потоа во во школата на ФК Вардар ,каде тренира и игра под буното око на тренерот Игор Кралевски,од когу е многу задоволен за начинот како тој им го пренесува фудбалското знаење.Вардаровиот дрес за Тино преставува гордост ,облечен во него тој се предава на играта ,заборава на се и се труди да пружи колку може подобра игра.
Дополнителен мотив за Тино е и неговиот комшија Дарко Глишиќ ,стандарден првотимец на Вардар .
За проектот „Јуниор Лигата“Тино има многу позетивно мислење,затоашто преку неа се стекнува големо искуство и другарство.
А,екипата на Вардар за која настапува и Тино ,минатата сезона ја освои „Јуниор Лигата“.
Од 16 до 20 Август пионерскиот тим во кој настапува и Тино учествуваше на многу јакиот турнир кој се одржа во Охрид ,а на истиот неговиот тим го освои второто место.
Неописивата желба за фудбал и талентот кој го поседува Тино,навестува идна фудбалска ѕвезда која најпрво ќе се докаже во ФК Вардар и македонската репрезентација ,а дури потоа ништо помалку туку во во Реал Мадрид
Тој се надева дека ќе настапува за еден од најтрофејните европски клубовиРеал Мадрид и дека ќе настапува пред преполнети стадиони во Европа,со што ќе го оствари својот сон и ќе се одолжи на својот татко и неговата фудбалска љубов Вардар.
Фудбалски идол на Тино е Кристијано Роналдо.
Населба Илинден на младиот вардарец наш сограѓанин ,му посакува успех, со надеж дека Тино ќе ја оствари својата желба.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version