дома СПОРТ Млади спортисти Уште едно злато за нашата ЕВА

Уште едно злато за нашата ЕВА

0

УШТЕ ЕДЕН ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА НАШАТА ЕВА СОКОЛОВСКА ВО ГЕРМАНИЈА

Ева Соколовска, која има само 9 години освои златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика, што се одржа во германскиот град Боркен. На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред, и трет пат, во нејзината класа,  го освојува првото место. 

Македонското девојче, ние би додале и Илинденското девојч,е престојува во Германија со своите родители Горан и Јасмина и сестра и Илина.

Ева,  неколку години реди успеси во Германија , а досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место.

 За 10- тина дена Ева  ја очекува уште еден турнир и според прогнозите, но  и според нејзиниот талент се очекува повторно да се закити со злато.

Инаку двете сести Илина и Ева се познати во ритмичката гимнастика и во секое слободно време се бодрат една другата при нивните настапи.

Населба Илинден на сестрите Соколовски им посакува успех во понатамошните натпреварувања.

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version