дома СПОРТ Истакнати спортисти Стефан Донаковски-Кошаркар

Стефан Донаковски-Кошаркар

0

СТЕФАН ДОНАКОВСКИ-КОШАРКАР
Роден во 25-06-1997г.жител на населба Илинден
Висина:202 см.,член на МЗТ Скопје –Скопје.
Кошарката како спорт ја засака уште од најмали години ,како ученик во ОУ„Гоце Делчев “, секое слободно време го користеше рекреативно ,а и со училишниот тим играј ќи кошарка.
Во 2007г.беше забележан од стручните лица на КК„Јуниор“-Скопје, доби понуда да стане член на нивниот клуб ,тоа беше голем предизвик за него и веднаш стана член на истоимениот кошаркарски ,клуб каде остана две години.
Со КК„Јуниор“, помлади пионери настапуваше во сезоната 2008/2009 кога неговиот тим ја ја освои лигата .
Со помладите пионери на КК „Јуниор во 2008и 2009г.учествуваше на повеќе меѓународни турнири во во Хрватска ,Шпанија и други .
Во 2010г.настапуваше за КК.„Вардар“-Киндер Баскет .
Во 2011г. својата кариера ја продолжи во МЗТ-„Скопје“во кадетската екипа , кога ја освоива лигата на кадети ,во сезоната 2011/2012г.
Во сезоната 2012/2013 беше избран во поширокиот список на М-16 репрезентацијата на Македонија.
Во 2014г.во Охрид,учествува во младинска категорија освојувајќи го купот .
Во 2014г. учествува во јуниорска категорија , освојувајќи го второто место во лигата.
Оваа сезона со неговиот тим се трети во лигата, а атакуваат за место во Final 4 турнирот.
Во 2014г еден дел од подготовките беше со првиот тим на МЗТ-„Скопје“
Оваа година (2015) е во поширокиот список на М-18, репрезентацијата на Македонија.
Ако неговиот спортски од ,продолжи со досегашното темпо , на повидок нов спортски –кошаркарски АС ,кој ќе ја афирмира населба Илинден во земјата и пошироко придружувајќи им се на останатите врвни спортисти со кои се гордее Илинден.Денес настапува за кошаркарскиот клуб Охрид

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version