дома СПОРТ Спортски клубови и школи Машка ракометна екипа на ООУ Гоце Делчев -Илинден

Машка ракометна екипа на ООУ Гоце Делчев -Илинден

0

Машката ракометна екипа на ООУ „Гоце Делчев“од населба Илинден ,го освои првото место на градското првенство на Скопје, што го организира Сојузот на училишен спорт. Благодарејќи на ангажираната и дисциплинирана игра , и тие во финалето ја победија екипата на ООУ „Димо Хаџи Димов“, со што обезбедија пласман на државното првенство, што ќе се одржи на 31. март во Велес.
Училишната ракометна екипа е на прагот да го повтори успехот што го постигна оваа екипа во 2013г.,кога најпрво стана првак на Град Скопје ,а потоа станаа и државни прваци во ракомет во Македонија,екипата и тогаш и денес успешно ја води наставникот по физичко воспитание Блаже Митровски. .
Во конкуренција на 20 екипи од територија на град Скопје, ракометната екипа на ООУ „Гоце Делчев“ со извојувани 5 победи се пласираше во финалето, прикажувајќи одличен ракомет.
Ракометарите на ООУ „Гоце Делчев“ по трет пат го освојуваат првенството на Скопје, а во 2013 година беа и државни прваци, што само по себе зборува за квалитетот на ракометот во основните училишта во Општина Илинден,од која произлегоа многу државни репрезентативци ,како Валентина Радуловиќ,Александра Стаменковиќ-Јанев,Сара Ристовска,Гоце Георгиевски,Жарко Пешевски и други.Инаку поголемиот дел од училишната екипата, тренираат, и ракометните вештини ги учат и во ракометните школи, што постојат во Илинден. Токму затоа екипата на ООУ „Гоце Делчев“ ја вбројуваат меѓу фаворитите за освојување на годинешното државно првенство

Нема коментари

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука

Exit mobile version