РАКОМЕТЕН КЛУБ „КУЗМАН-ВАРДАР“од населба ИЛИНДЕН
Во Илинден постојат повеќе клубови од разни спортски профили ,еден дел од нив се објавени на нашата страница ,денес тоа го чиниме за РК Кузман –Вардар од Илинден,под водство на Александра Кузмановска .
Александра е родена во 1990 г. во Скопје ,живее во Илиден ,основно училипте заврши во ООУ„Гоце Делчев“ од Илинден ,средно„ Васил Антевски –Дрен “и завршено високо образование на факултетот за Безбедност-Скопје.
Инаку Александра е поранешен ракометар на Кометал –Ѓорче Петров,РК Скопје и еден краток период на РК Вардар,веќе две години е помошен тренер во младинските категории на РК Вардар.Александра со ракометот се занимаваше шест години ,но поради овеќе повреди беше оддалечена од спортските подолго време ,но ракометот и остана голема љубов и затоа во 2015 г .ја формира Ракометната Школа РК „Кузман –Вардар“од населба Илинден
По отварањето на школата минатата година веднаш ја приклучи кон Ракометната академија и кон Вардар Јуниор лигата. Во школото работи со колегата Александар Савов,минатата година ја цени за успешна зашто од 18 девојчиња во лигата учествуваа 17 девојчиња, односно, речиси сите. Годинава повторно се подготвуваат за Вардар Јуниор лигата,и годинава школото ќе настапува само со девојчиња, вели тренерот Кузмановска.
Школата Кузман – Вардар е отворена и за момчиња и за девојчиња, но во моментов тренираат само групи со девојчиња,со надеж дека во иднина и момчињата ќе станат составен дел на клубот.
Проектот „Јуниор Лигата“го ценат како многу позетивен ,уште во првата година беше плодоносен – тренерите полесно ги препознаа младите талентите од цела Македонија кои продолжија понатаму во младинските состави на нашиот Вардар, а школите воспоставија меѓусебна комуникација која вроди со организирање пријателски натпревари и напредок во ракометната игра.
РК Кузман –Вардар воспоставува пријателства и добри односи со слични ракометни клубови од Македонија и други школи со кои идигрува пријателски низ одредени градови во Македонија.Ваквите натпревари со другите клубови за играчите преставуваа запознавање ,ширење на лични пријателства и дружење.Исто така клубот е и домаќин на многу екипиод многу градови од Македонија кои ни го возвратиле гостопримството .Ваквата пракса ја ја оценуваат како корисна и во во иднина ќе се практикува.
Јуниор Лигата во која настапува и РК Кузман ,ја доживуват како едно широко сложно семејство,се случи буквално тоа што беше и првичната замисла на Вардар Јуниор лигата – да нѐ спои како една фамилија. Александра е задоволна и од соработката со тренерите од другите клубови,има добра комуникација со сите . Лани Рк Кузман –Вардар со успех одигра многу пријателски натпревари со што таа се чуствува задоволна и среќна.
Од школата Кузман – Вардар годинава селекцијата во младинските тимови на Вардар ја поминаа 5 девојчиња на возраст од 1999 до 2002 година – Томинела Јованчевска, Тамара Паланковска, Клара Трајковска, Сандра Јовевска и Викторија Сандева.
На финалните натпревари Кузман – Вардар освои прво место во генерацијата 98/99 година како дел од академија ( тимот се формира со девојчиња на иста возраст од неколку школи на Вардар), а девојчињата од генерацијата 2000/2001 година се закитија со бронза.
Вратите на РК Кузман –Вардар од Илинден отворени се за сите кои сакаат да се вклучат во клубот, а која работи во ОУ „Крум Тошев„ Трубарево и Спортскиот Центар „Гоце Делчев„ во Илинден ,а тоа може да го сторат на следниве контакти: Тренер Александра Кузмановска
